Регионална платформа: Да престанат нападите врз професионалните новинари од Србија

0
345

БЕЛГРАД, 10.04.2019 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која застапува повеќе од 8.000 членови, остро ги осудува смртните закани упатени до новинарите Сања Кљајиќ, Вања Ѓуриќ и Милена Поповиќ од Нови Сад, како и кампањата против Слободан Георгиев, уредник во БИРН Србија. Регионалната платформа ги повикува релевантните судски власти на Република Србија да ги истражат овие закани и соодветно да ги казнат одговорните за ширењето на говор на омраза и закани, колку што е можно поскоро.  

Откако беа етикетирани на Фејсбук страницата на веб-порталот Истрага како “новинари кои ја засрамилет Србија”, новинарите Кљајиќ, Ѓуриќ и Поповиќ станаа мета на вербално насилство. Ова таргетирање на новинари беше како повик за оркестрирана кампања на говор на омраза, најлоши навреди и смртни закани. Откако беа етикетирани на Фејсбук страницата на веб-порталот Истрага како “новинари кои ја засрамилет Србија”, новинарите Кљајиќ, Ѓуриќ и Поповиќ станаа мета на вербално насилство. Ова таргетирање на новинари беше како повик за оркестрирана кампања на говор на омраза, најлоши навреди и смртни закани. Порталот Истрага ја започна оваа кампања по повод документарниот филм „Албанските жени се наши сестри”, снимен во 2017 година во соработка со Независното здружение на новинари на Војводина, БИРН Косово и германскиот форум ЗФД. Пред две години дури и авторите на документарниот филм беа предмет на бројни смртни закани, а емитувањето на филмот беше оневозможено во градовите низ цела Србија, а сепак до сега никој не беше казнет.

Еден ден откако БИРН објави фотографии кои укажуваат на врската помеѓу Андреј Вучиќ, братот на српскиот претседател и контроверзниот бизнисмен Звонко Веселиновиќ, на социјалните мрежи започна кампања за таргетирање. Во снимките кои беа објавени на Твитер, на злонамерен начин беа намонтирани изјави на колегата Слободан Георгиев кој беше означен како “странски платеник”, “предавник” и соработник на албански и косовски политичари. По објавувањето на видеото, имало бројни коментари кои содржеле навреди и закани.

Од почетокот на 2019 година, НУНС регистрираше 47 случаи на притисоци, физички и вербални напади врз медиумските професионалци.

Според Репортери без граници, Србија назадуваше 14 места последнава година на Индексот за слобода на медиумите и сега е рангирана на 90-то место на листата од 180 земји. Авторите на извештајот предупредија дека Србија не е безбедна земја за новинарите и додадоа: „Бројот на напади врз медиумите е во пораст, вклучувајќи и смртни закани, и воспалувачка реторика насочена кон новинарите која воглавно доаѓаат од власта“.

Регионалната платформа го поддржува НУНС во напорите да ги заштити новинарите и слободата на изразувањето и ги повикува релевантните власти да ги истражат случаите и да ги изнесат насилниците пред лицето на правдата.

Дополнително, апелираме до највисоките власти на Србија, претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ да ги осудат овие ужасни закани и јавни етикетирања на новинарите.

Секој напад врз новинарите претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб 19.04.2019

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia