Регионална платформа: Итно да се санкционираат напаѓачите на новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ

0
294
СКОПЈЕ, 24.01.2019 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8.000 членови, остро го осудува физичкиот напад врз новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Таа беше нападната од припадник на приватната агенција за обезбедување „Никоб“, додека известуваше од прославата на верскиот празник „Водици“ во Скопје, кој беше организиран од страна на Македонската православна црква. 
Здружението на новинарите на Македонија реагираше во однос на овој случај и побара од Министерството за внатрешни работи итно да реагира и да спроведе истрага за инцидентот каде ќе го идентификува напаѓачот, а потоа да поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство во Скопје.
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски рече: „Во овој случај, најголема одговорност носи Македонската православна црква, а тоа е да обезбеди безбедни услови за работа на новинарите со цел тие да можат професионално да ги извршуваат новинарските задачи. Во овој случај каде беше нападната колешката Јовановиќ, одговорноста не е само кај напаѓачот, туку и кај организаторот на настанот“.
Регионалната платформа се придружува на барањето на Здружението на новинарите на Македонија во барањето до надлежните институции за брзо расчистување на овој напад. Бараме од институциите да спроведат детална истрага, да ги казнат напаѓачите и да ја докажат својата заложба за креирање на безбедни услови за работа на новинарите.
Секој напад врз новинарите претставува напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

 

Скопје – Београд – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб (24.01.2018)

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalist Association of Serbia