Смртни закани насочени кон претседателот на ЗНМ Насер Селмани

0
416

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8.000 членови, остро ги осудува последните закани насочени кон претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

По напишаниот статус на Фејсбук од страна на Селмани, братот на Бекир Асани – кој е поврзан со политичката партија ДУИ, по порака му упатил смртни закани на Селмани. Селмани на својот Фејсбук профил напиша статус каде ги обвини властите дека не ја заштитиле полицајката, која наводно беше нападната од страна на Бекир Асани, за време на извршување на својата работа.

Откако бил објавен статусот, Бејтула Асани му испратил приватна порака на Селмани, а во пораката му се заканува на него, неговата жена, деца и родители. Селмани веднаш ја известил полицијата за овој инцидент. Таа брзо реагирала, но сепак Јавното обвинителство по анализирање на пораката, не нашло елементи на закана во неа.

Претставниците на меѓународната заедница веднаш го осудија инцидентот, а меѓу нив беше и специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, г. Харлем Дезир. Тој на својот профил на Твитер напиша: „Заканите и навредите кои беа упатени до претседателот на ЗНМ Насер Селмани се неприфатливи. Овој директен напад врз слободата на изразувањето мора брзо да биде истражен и да се обезбеди безбедноста на новинарите“.

Во време кога новинарите во Европа се убивани и секојдневно добиваат закани поради објавени стории против криминалци, националните власти треба да преземат итни мерки со цел да се спречат идни убиства на новинари. Толеранција и неказнивост на вакви инциденти, служи како охрабрување и мотив за идни напади врз новинари.

Платформата остро го осудува овој инцидент и ќе испрати писма до сите релевантни власти во Македонија, каде ќе бара од нив да спречат било каков вид на насилство врз новинари, брзо и темелно да се истражат сите факти поврзани со овој случај и на крај да ги преземат сите мерки за расветлување на случајот.

Заканите и нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинари претставува напад врз јавниот интерес, демократија и правата на граѓаните.

Skopje – Belgrade – Podgorica – Prishtina – Sarajevo – Zagreb, 08.03.2018. 

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia