ВИДЕО: Кукан со дипломатска изјава за слободата на медиумите во Србија

Safejournalists.net

Благодарам господине што го прифативте ова интервју за проектот Балкан прес што го работиме со српските и босанските колеги. Вие сте на чело на делегацијата за соработка со Србија. Би сакала да ве прашам дали го знаете фактот дека про-европската српска јавност смета дека ЕУ ги затвара очите пред насилството на демократските институции и демократскиот живот во Србија?

-Да, го знаеме тоа. Кога ја посетуваме Србија за да разговараме со нашите колеги исто така разговараме и со претставници на невладините организации кои се жалат. Ние сме свесни за тоа. Не би рекол дека ЕУ затвора очи пред овој проблем, ние имаме постојан контакт со нашите партнери во Србија и разговараме за овие проблеми со нив, ние им кажуваме што мислиме за овие проблеми и се обидуваме да ја направиме политичката сцена во Србија споредлива со таа во   другите европски земји. Би рекол дека е претерано да се каже дека ги затвораме очите пред овие проблеми.

Кое е вашето мислење за парламентарниот живот во Србија?

– Парламентот во секоја демократска земја е институцијата која ја надгледува улогата и работата на Владата. Би рекол дека има простор за подобрување во Србија. Мислам дека треба да биде појасен и поактивен во надлегувањето на работата на Владата.  Има простор за подобрување.

Во Србија исто така има проблеми со амандманите во Парламентот. Имаше многу амандмани за буџетот, не беше дискутиран со опозицијата и беше усвоен без мислењето на опозицијата. Не мислите ли дека ова е добра можност за Европскиот парламент да реагира?

Ние разговаравме за време на последниот Комитет за асоцијација во Белград. Донесувањето на државниот буџетот е многу важна работа. Во мојата земја на пример, ако владата има проблеми, гласањето на буџетотот може да се стави на гласање заедно со гласање за доверба на владата. Така што, ова е многу важен закон. И се разбира во секоја земја, како во Србија, тоа мора сериозно да се дискутира пред да се стави на гласање. Тоа е мојот коментар.

Имам прашање за рускиот хуманитарен центар во Ниш. Има шпекулации дека Владата сака да им даде дипломатски статус на луѓето кои работат во тој центар?

Ако добро се сеќавам, а мислам дека да, претседателот Вучиќ рече дека е против давање на дипломатски статус на овие луѓе и мислам дека тоа е правилна одлука. Ние сме слушнале многу за активностите на центарот а да му се даде дипломатски статус на персоналот е многу осетливо прашање и треба да се биде многу внимателен. Мислам дека не треба да им се даде дипломатски статус.

Зборувајќи за лажните вести, дали овде во Парламентот дискутирате за овој проблем, посебно на Балканот, бидејќи знаеме дека ове лажни вести имаат тенденција да креираат негативен имиџ за Брисел во земјите кандидатки?

-Ние сме свесни за тоа овде во Европскиот парламент. Во земјите од Западен Балкан и во мојата земја исто така, овие лажни информации се многу штетно влијаат на ставот на граѓаните за активностите на ЕУ. Одлучивме во Европскиот парламент да водиме контра-информативна кампања за да се разоткрие основата на овие лажни вести. Тие лажни вести се добро подготвени со многу финансиски средства, многу се ефикасни во создавање на лажни информации насочени против европската иднина на балканските земји. Се обидуваме да создадеме наша стратегија за комуникации, но морам да признаам дека сме бавни. И колку сме побрзи, толку помалку штета ќе и се направи на европската кауза на Балканот.

Повторно на тема слобода на медиумите во Србија. Неодамна еден пратеник од вашата политичка група….

– Франци Боговиќ.

Да. Од групата на Пријатели на Србија. Тој даде свој придонес во извештајот за извештајот за слобода на медиуми во Србија. Според српските колеги, овој извештај е напишан од аналитичари блиски до Владата во Србија и овој извештај испраќа порака дека се е добро во Србија со слободата на медиуми, но има поларизација и недостаток на професионалност во самите медиуми. Дали се согласувате со тоа?

– Па морам да се насмеам на ова, но ќе се потрудам да бидам коректен. Знаев за тој состанок, но не можев да присуствувам. И ние разговаравме со невладините претставници во Белград за ова прашање кое ми го поставивте. Мојот пријател Боговиќ ме увери, а тој е многу сериозен човек, а и друг пратеник од делегацијата на Австрија, дека не станува збор за толкава катастрофа како што српските невладини организации тврдат. Јас им верувам на моите колеги, а не на господата од невладините. Сакам добро да ме разберете, јас високо ги вреднувам невладините. Кога бев министер за надворешни работи имав добра соработка со нив но им велев да не доаѓаат толку често бидејќи се невладини. Но, некогаш се случува тие да се однесуваат како да се шампиони, како само тие да знаат каква е точно ситуацијата. Мислам дека некогаш е добро за нив да зборуваат реално и во овој случај јас им верувам на моите колеги. Бидејќи тој не беше таму, нешто чул и се надевам на добра соработка со невладините во иднина. Според мене, аргументите на невладините не се свето писмо. Би сакал да го проверам она што тие го кажуваат. Не можам да ви го дадам одговорот кој вие би го сакале, но ова е моето мислење.

Јас само во поставив прашања. Според вас, каква е слободата на медиуми во Србија?

– Ќе одговорам многу дипломатски. Слободата на медиумите во Србија и во другите земји од Западниот Балкан има многу недостатоци. Ние го отвораме прашањето секогаш кога сме во Србија. Оваа слобода е една од најсветите демократски вредности, медиумите мора да бидат слободни без притисоци од политичарите и политичките парии, но мислам дека треба време додека да стигнеме дотаму.

Сега во Србија и во другите балкански земји имаме приватни медиуми кои се под директна контрола на Владата или Владата поседува некои медиуми, како националната агенција, јавниот сервис…

– Да вие сте во право и повторно за пример, неодамна добивме писмо од уредникот на Танјуг кој објаснуваше дека не се владина агенција, дека ситуацијата е поинаква. Велат дека мора некој да ги финансирани. Сосема ми е јасно дека некои таблоиди ја фаворизираат власта, а некои не. Колку побрзо ситуацијата стане појасна, да биде јасно дека има политичко влијание и за тоа имаме докази, тогаш ќе ја насочиме нашата комуникација со нашите партнери во Србија.

Имам две прашања за Босна. Каде е Босна во ЕУ интегративниот пат?

-Босна заостанува зад другите. Ние се обидуваме  да ја турнеме земјата напред. Без да навлегувам во филозофска анализа, Босна мора да го пополни прашалникот кој е важен чекор за продолжување понатаму. Крајниот рок беше 15 декември а сега е крај на јануари. Сега слушам дека ќе го предадат на 6 февруари. Колку побрзо го предадат, толку подобро за земјата бидејќи кога Европската комисија ќе го има пополнетиот прашалник ќе може да прави скрининг и да ги започне преговорите. Босна е пред овој важен чекор кој, ако е комплетиран, може да воспостави понатамошен дијалог со ЕУ.

Дали во завршниот извештај од април ќе добијат кандидатски статус или е премногу рано?

– Не би сакал да шпекулирам. Ние се надеваме дека тие извештаи ќе донесат добри вести за неколку земји од Западниот Балкан. Албанија очекува датум за почеток на преговори а и Македонија, Босна чека кандидатски статус. Многу ќе зависи од одговорите на прашалникот, бидејќи без него е тешко да се продолжи. Во Босна е важен договорот меѓу политичките сили внатре во земјата, колку сакаат да ја туркаат ЕУ агендата. Ние се надеваме дека ќе го направат тоа, но некогаш треба да се почека за добри вести.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

dokumentarac-logoi-300x80


Safejournalists.net, Skopje, 05/02/2018