Платформата ги повикува институциите на ЕУ и УЕФА да реагираат за нападот врз новинарот и уредничкиот тим на Радио Сараево



Сараево, 28.09.2019 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8000 членови, остро ги осудува смртните закани кон новинарите и уредниците на Радио Сараево, испратени од страна на навивачи на фудбалскиот клуб Сараево.

Инцидентот се случил откако порталот на Радио Сараево, како и голем број на други медиуми во Босна и Херцеговина, објавија дека еден навивач на овој фудбалски клуб е уапсен и казнет со пет години затвор во Белорусија во август годинава, каде што бил да проследи фудбалски натпревар, а белоруската полицијата пронашла кокаин кај него.

Минатата ноќ, група приврзаници на фудбалскиот клуб Сараево дојдоа пред редакцијата на Радио Сараево, каде што авторот на текстот беше малтретиран, и бил држен како заложник повеќе од два часа, а под закана дека ќе го убијат него и неговото семејство, побарале тој да ја отстрани статијата од веб-страницата на Радио Сараево. Во исто време, тие го принудиле новинарот да се јавува и на други медиуми во Босна и Херцеговина и да бара од нив да го направат истото.

„Овој напад го сметаме за брутално кршење на правото на слобода на изразување и со него се загрозува безбедноста на новинарите и редакцијата на Радио Сараево“, Рече Борка Рудиќ, Генерален секретар на Здружението на новинари во БХ. Таа ги поздрави напорите на сараевската полиција, на која брзо успеа да уапси двајца од напаѓачите, но во исто време, Рудиќ ја повика полицијата и Обвинителството продолжат со правната постапка за казнување на двајцата напаѓачи.

Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите го смета за неприфатлив молкот на Фудбалската федерација на БиХ и Фудбалскиот клуб Сараево и ги повикува јавно да го осудат овој чин и да ги преземат сите мерки против агресивните фудбалски навивачки групи или поединци. Ова не е првпат во Босна и Херцеговина фудбалски навивачи да малтретираат новинари по нивните известувања за одредени спортски настани или по објавување на критички написи за навивачките групи и нивните членови.

Потсетуваме дека секој напад врз новинарите претставува напад врз јавниот интерес, демократија и човекови права. Платформата ќе ги информира сите европски институции за овој инцидент, вклучително и Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) и ќе побара нивна интервенција за последниот инцидент, како и за други случаи на загрозување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Босна и Херцеговина и во другите земји од Западен Балкан.

 

Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите: Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia


, , 28/09/2019