Постолоски: Потребни се услови за слобода на изразување

%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bb%d1%81%d0%ba%d0%b8
civilmedia

СКОПЈЕ, 10.01.2018 – Со новинарот Јован Постолоски разговаравме за слободата на изразување и медиумската слобода. За ЦИВИЛ Медиа Постолоски изјави дека за слобода е потребен простор без стеги и притисоци за да можеме да го кажеме сето она што имаме.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Постолоски: Слободата претставува можност кој било да е на власт или да ја има моќта, да можеш да застанеш спроти него и да го кажеш тоа што го имаш, да посочиш на тоа што го прави погрешно, да може да го направи подобро. Тоа подразбира, за почеток да не си поставуваш самиот на себе стеги и да не ги прифаќаш наметнатите без разлика дали се политичката или бизнис сферата.  Тоа подразбира да создадеме услови да го кажеме слободно тоа што го имаме.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Постолоски: Па добро можеме да го ставиме затворањето на телевизија А1 како притисок. Сега со постоењето на порталите има поголема слобода и нема многу можност за такви притисоци бидејќи е помала зависноста од нив, па не можам да се пожалам на некакви притисоци , но мора самите да се изборите.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Постолоски: Имаме примери со телевизии што беа приклонети кон претходната власт, а сега полека се приклонуваат кон новата. Оттука извира проблемот. И од сопствениците, но и од новинарите, од кои на крај сѐ зависи, дали самите тие ќе го прифатат тоа, дали ќе се спротивстават, дали ќе слугуваат на некого…


www.civilmedia.mk, Skopje, 10/01/2018