Регионалната платформа: Да се пронајде српскиот новинар Стефан Цветковиќ

rs.n1info.com

БЕЛА ЦРКВА, 14.06.2018. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, е длабоко загрижена за исчезнувањето на новинарот Стефан Цветковиќ и бара итна реакција на српските власти за наоѓање на исчезнатиот новинар. 

Вечерта меѓу 13 – 14 јуни Стефан Цветковиќ беше пријавен за исчезнат во градот Белата Црква. Локалната полиција потврди дека автомобилот на Цветковиќ бил пронајден паркиран со отворени врати и вклучени светла. Медиумите објавија дека моторот на автомобилот сé уште работел, а сведоците потврдија дека рачниот часовник на Цветковиќ бил пронајден заедно со скината нараквица веднаш до него. Неговите мобилни телефони се исклучени.

Иако Цветковиќ е познат по пишувањето за голем број на теми, неговата истрага за атентатот на Оливер Ивановиќ, локален српски политичар во Косово, го стави под ново внимание. По неговото враќање од Косово во мај, тој беше задржан од страна на косовските власти шест часа поради контактите што ги направил додека истражувал. Цветковиќ и претходно се соочувал со закани поради неговата работа, и тоа најчесто од страна на локалните власти. Во еден случај неговиот телефон бил искршен, а во друга пригода неговиот автомобил бил оштетен откако локалните официјални лица го нарекле “легитимна цел” и “странски платеник”.

“Стефан Цветковиќ има пријавено голем број на закани кои доаѓале од различни криминални и политички кругови во Србија” – рече Славиша Лекиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија. “Неговото исчезнување мора да биде приоритет на локалната полиција и Министерството за внатрешни работи. Бараме ангажирање на сите ресурси со надеж дека Цветковиќ ќе се најде неповреден”.

Регионалната платформа се приклучи на НУНС во нивните барања до надлежните органи на Република Србија, да продолжат со ефикасна истрага и да ги користат сите можни инструменти за да го најдат Стефан Цветковиќ.

Исто така потсетува дека српските власти дека мора да се воздржуваат од етикетирање на новинарите и легитимирање на насилството врз нив.

Во 2018 година во Србија се регистрирани 13 инциденти против новинари, 2 физички напади и 11 вербални закани и заплашување.

Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинар претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на граѓаните.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 07.06.2018.

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association o.f Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia


, Skopje, 14/06/2018