Регионална платформа: Властите да го истражат мотивот за провалување во куќата на новинарите



Белград, 05.10.2019 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8000 членови, изразува загриженост и остро го осудува провалувањето во семејниот дом на новинарката од истражувачкиот портал КРИК, Милица Војиновиќ и бара од надлежните органи да истражат кој бил мотивот и кои се сторителите.

Колегите од КРИК го известија Независното здружение на новинарите на Србија дека вчера бил провален домот на новинарката Војиновиќ. Тие рекоа дека многу работи се извадени од фиоките, орманите и папките вклучувајќи ги и деловните записи на нејзиниот татко кои биле расфрлани низ просторијата. Настанот го пријавил во полиција братучедот на новинарката, бидејќи Милица и нејзините родители во тоа време се наоѓале надвор од државата. Полицијата реагираше многу брзо и спроведе истрага на местото на инцидентот.

„Ние сме многу загрижени за случајот бидејќи ова е втор пат да се обиваат домовите на колегите од КРИК. Пред две години беше обиен и домот на Драгана Пецо, а тој случај сè уште не е расчистен“, рече Жељко Бодрозиќ, Претседател на НУНС и додаде: „Ние инсистираме на темелна истрага од полицијата и очекуваме и двата инциденти наскоро да добијат судска разрешница“.

Регионалната платформа бара од српските власти да ги истражат околностите што довеле до инцидентот и да ги откирјат одговорните кои стојат зад истиот.

Платформата ќе ги информира сите меѓународни институции за овој инцидент и ќе побара нивна интервенција во областа на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во регионот на Западен Балкан.

НУНС има регистрирано 89 случаи на притисоци, и физички и вербални напади врз медиумските.

Потсетуваме дека секој напад врз новинарите претставува напад врз јавниот интерес, демократија и човекови права.

 

Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите: Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia


, Белград, 05/10/2019