Регионална платформа: Да се казни напаѓачот на Зоран Јовановиќ



Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која застапува повеќе од 8.000 членови, остро го осудува физичкиот напад врз новинарот на „Вечерње новости“ Зоран Јовановиќ и ја поздравува брзата реакција на полицијата.

Во петокот, на 24 мај, додека Јовановиќ беше на должност, фотографирајќи ја областа каде паркингот ќе биде лоциран на улицата Чарли Чаплин во Белград, кога непознат човек му се обрати и му рече дека не смее да фотографира.

Откако Јовановиќ објаснил тој само ја врши својата работа и му треба фотографија како илустрација за статијата за новата паркинг зона, додавајќи дека улицата е јавен простор каде што фотографирањето е дозволено, човекот почнал да вика. Тој го удрил Јовановиќ и неговата камера, и на крај го плукнал. Тој потоа се заканил дека ќе ги запали возачот Светозар Мирановиќ и нивното возило.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а таа реагирала брзо – стигнала на местото на нападот и го уапсила насилникот.

„Тензиите во нашето општество растат од година во година, а новинарите и медиумските професионалци најчесто го чувствуваат тоа на своја кожа. Овој пат, нашиот колега Јовановиќ беше нападнат додека ја вршеше својата работа. Добро е што полицијата брзо реагираше и се надеваме на брз судски епилог. За жал, ова е трет физички напад за оваа година кој го регистрираше НУНС во нашата база на податоци“, рече Жељко Бодрозиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија. Од почетокот на 2019 година, НУНС има забележано 56 случаи на притисоци, физички и вербални напади врз медиумските професионалци.

Регионалната платформа го поддржува НУНС во напорите за заштита на новинарите и слободата на говорот и ги повикува надлежните органи да ја спроведат постапката до крај и соодветно да го санкционираат сторителот.

Потсетуваме дека секој напад врз новинарите претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб 29.05.2019

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia


, Skopje, 29/05/2019