Регионална платформа: Косовските власти да го истражат нападот врз новинарската екипа на ТВ Прва



ЗУБИН ПОТОК, 30.05.2019 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која застапува повеќе од 8.000 членови, остро го осудува нападот врз екипата на ТВ Прва од Белград, кој се случи на 28 мај во Зубин поток, на северот на Косово.

Според извештајот на ТВ Прва, за време на настаните во Косово, околу апсењата спроведени од страна на Косовските полициски сили РОСУ, било пукано во автомобилот на новинарската екипа на ТВ Прва, додека тие известувале од Зубин поток.

Во телефонската изјава за НУНС, новинарот на ТВ Прва, Зоран Максимовиќ потврди дека автомобилот бил сериозно оштетен при пукањето, а безбедноста на новинарот Максимовиќ беше сериозно загрозена.

Откако дозна за овој инцидент, Здружението на новинарите на Косово контактираше со властите за да добие официјален одговор. Сепак, косовската полиција изјавила дека нема никакви сознанија и информации во врска со инцидентот.

Регионалната платформа бара од косовските власти да ги истражат и да ги објават деталите и околностите кои довеле до пукањето и да кажат кој е одговорен за овој напад врз новинарите. Косовските власти и меѓународните организации ЕУЛЕКС и КФОР се должни да обезбедат непречено работење и физичка безбедност за новинарите кои известуваат од Косово.

Потсетуваме дека секој напад врз новинарите претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Платформата ќе ги информира сите европски институции за овој инцидент и ќе побара нивна интервенција во сферата на слободата и безбедноста на медиумите во регионот на Западен Балкан.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб 30.05.2019

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia


, Skopje, 30/05/2019