Регионална платформа: Стоп за политичките притисоци врз новинарите



СКОПЈЕ, 27.08.2018 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува срамниот и целосно неоправдан напад на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, врз Дино Јахиќ, кој е шеф и уредник на Центарот за истражувачко новинарство во Србија (ЦИНС).

НУНС проценува дека јавната навреда на Додик упатена до уредникот на ЦИНС претставува директен притисок врз слободата на новинарите и медиумите, како и закана по личната безбедност на Дино Јахиќ и неговите колеги во редакцијата на ЦИНС.

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите јавно го поддржува главниот уредник – Дино Јахиќ и редакцијата на ЦИНС, која, без оглед на притисокот, продолжи да ја истражува работата на политичарите, бизнисмените и луѓето блиски до властите, почитувајќи ги етичките и професионалните стандарди на новинарството.

На 21 август, претседателот на Република Српска го нападна главниот и одговорен уредник на ЦИНС, обвинувајќи го дека работи како водечки центар кој со финансиска поддршка од меѓународни организации уништува политички структури во регионот. Без да даде никакви докази и поткрепи за своите опасни обвиненија, Додик на навредлив и циничен начин говореше за главниот уредник на ЦИНС.

На нападот на Додик врз ЦИНС и Јахиќ му претходеше валкана кампања на одредени портали која ја започнаа на 21 август наутро, само неколку часа пред претседателската конференција на РС. Кампањата започна на порталот Inforsrpska.ba, објавувајќи текст кој без аргументи наведува дека ЦИНС има обезбедено средства за проект од Велика Британиуја, САД и Саудиска Арабија во висина од 38 милиони долари за развивање на истражувачко новинарство во регионот. Клучното обвинение било дека “вистинската задача на ЦИНС била да се криминализираат властите кои не се подготвени да бидат моќни спонзори на овој центар“.

Потсетуваме дека ова е само еден од многу напади во низа кои ги упати Додик. На 22 август, Додик изврши уште еден политички притисок кон Центарот за истражувачко новинарство на БиХ. На прес-конференција тој го повика ЦИН БиХ јавно да ги објави имотните листови на сите политичари.

Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје-Белград-Подгорица-Приштина-Сараево-Загреб, 27.08.2018.

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia


, Skopje, 27/08/2018