Регионална платформа: Полицијата да го најде напаѓачот на нашиот колега Маторчевиќ

0
433
Source/Author: Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите

БЕЛГРАД, 12.10.2018 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува физичкиот напад кој се случи врз колегата Жељко Маторчевиќ, одговорен уредник на порталот Zig info. 

Жељко Маторчевиќ беше нападнат од неидентификуван млад човек во вторникот наутро, кој првo го следел, а потоа ненадејно го удрил во главата нашиот колега, а кога Маторчевиќ паднал на земја, тој продолжил да го удира по телото и лицето. Маторчевиќ претрпе сериозни повреди на телото: му беше скршена јаболчницата на лицето и во наредните денови се очекува да му биде извршен хируршки зафат.

Инцидентот беше пријавен во полиција, која веќе презела истражни дејствија и го сослушала повредениот колега.

“Потсетуваме дека Маторчевиќ минатата година пријави закани што ги доби поради својата новинарска работа во полицијата во Грочка, но досега од нивна страна ништо не е направено”, рече Славица Лекиќ, претседател на НУНС, и додаде: “Загрижени сме поради неефикасноста на институциите при истражување на заканите кон новинарите, која подоцна доведува до вакви физички напади“.

Регионалната платформа го поддржува НУНС во своите напори за заштита на новинарите и слободата на изразувањето и бара од полицијата итно да го истражи овој напад врз нашиот колега и да го уапси сторителот.

Исто така, ги повикуваме меѓународните организации да извршат дополнителен притисок врз властите во Србија да покажат целосна посветеност за да се стави крај на политиката на некзнивост во оваа земја, да се зголеми безбедноста на новинарите и да се почитува слободата на изразување и медиумите.

Ова е петти физички напад на новинарите во Србија од почетокот на 2018 година.

Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје-Белград-Подгорица-Приштина-Сараево-Загреб, 10.12.2018.

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia