Српски медиуми во акција „Стоп за медиумскиот мрак“ во државата

0
306
Source/Author: Алсат-М
Source/Photo: Алсат-М

СКОПЈЕ, 29.09.2017 – Српски независни медиуми презедоа вчера протестна акција поради како што наведуваат, фактот што претседателот Александар Вучиќ се обидува да „ја затвори устата“ на слободните медиуми со закани и финансиски притисок.

Повеќе од 100 српски медиуми и невладини организации денеска ги затемнија сајтовите неколку минути оставајќи натпис: – Така изгледа кога нема слободни медиуми.

Директен повод беше ганењето на Врањски (vranjske.rs) еден од најзначајните локални медиуми во Србија поради постојани политички притисоци од кои вработените не можеле да се оттргнат, наведуваат организаторите.

Дел од весниците беа испечатени со црна лента на првата страничка како дел од акцијата „Стоп за медиумскиот мрак во Србија“.

Организаторите соопштија дека кампањата е со цел да се предупреди општеството дека „слободата на медиумите во државата умира и сите треба да се борат да ја сочуваат“.

Акцијата ја организаира група за слобода на медиуми во која досега се 157 медиуми и организации како стотици поединци.