Бизнисменот Зоран Азманов упати вербални закани кон новинарот Ацо Кабранов.

Новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ беше нападната од страна на припадници на приватната агенција за обезбедување „Никоб“ додека известувала за одбележувањето на празникот Водици во Скопје.

Новинарот и претседател на Македонското здружение на новинари Насер Селмани примил порака со смртни закани од Бејтула Асани, брат на Бекир Асани кој е поврзан со владејачката политичка партија ДУИ.

Насилници од редовите на партијата Алијанса за Албанците го нападнале новинарот Арманд Брахо за време на конференција, на која тој бил уредно поканет.

Новинарот Ибрахим Махмути од ТВ 21 и фоторепортерот Бљерим Ука се приведени од страна на судската полиција за време на изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“.

The vehicle of journalist Viki Klicharova has been damaged with a sharp object. Prior to the incident she has received two threats from a person with a criminal record.

Новинарка од НоваТВ е нападната додека известувала од терен за граѓанска иницијатива за собирање на потписи против градење кампови за бегалци во Македонија. Нападот го сторил поддржувач на иницијативата.

На новинарите не им било дозволено да известуваат од состанокот на општинскиот совет и вербално биле нападнати од член на советот од партијата ВМРО ДПМНЕ.

Иван Камчев и Елида Зилбехари биле вербално нападнати од страна на член на обезбедувањето на објект на јавен простор, при што барал да го напуштат просторот и забранувајќи им да известуваат од местото.