Dimitar Tanurov, reporter for the independent online news agency Meta was physically attacked by a group of protesters while photographing inside the parliament. He suffered multiple head and face injuries.

Unknown persons from the association “Pere Toshev” from Prilep verbally assaulted and tried to physically attack journalist Bozidar Barlakovski from “Plusinfo” because of his critical writing.

Известувајќи на големиот протест „За заедничка Македонија“ двајцата новинари биле физички нападнати од непознато лице, учесник на протестот.

Новинарот Бранко Тричковски бил конфронтиран од страна на две непознати лица додека вечерал со својата сопруга во ресторан во Скопје. Бил плукнат од едното лице, додека другото лице го снимало инцидентот. Инцидентот бил објавен на „Youtube“.

Новинарот Бранко Тричковски бил конфронтиран пред својот дом од страна на три непознати лица, кои му се заканувале и го обвинувале дека е предавник. Инцидентот бил сниман и потоа објавен на „Youtube“.

Известувајќи на големиот протест „За заедничка Македонија“ двајцата новинари биле физички нападнати од непознати лица, учесници на протестот, бидејќи не припаѓале на про владин медиум. Биле удирани повеќе пати, поради што претрпеле телесни повреди, по што биле задржани во болница 24 часа.

Гаражата на новинарот Зоран Милошески била опожарена на 24.01.2017 год.

На новинарката Даниела Такева и биле пратени закани од градоначалникот на Берово Драги Наџински на неговата Фејсбук страница.

 

Pavle Beloski attackНовинарот Павле Беловски од ТВ „Телма“ беше нападнат пред Министерството за внатрешни работи во Скопје. Инцидентот се случил додека се спремал за пренос на вестите во живо, а во врска со истрагата иницирана од Специјалното јавно обвинителство за злоупотребата на полициските системи за прислушување.

 

Брза реакција на полицијата

Новинарот не бил посериозно повреден и превениран е поголем инцидент заради брзата реакција на полициските службеници што се наоѓале во близина.

Министерството за внатрешни работи информираше дека новинарот Павле Беловски бил физички нападнат од К. П. без никаква причина. Напаѓачот бил вендаш приведен од полицијата.

 

Реакции на новинарските здруженија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудија физичкиот напад врз новинарот. „Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги одвратат новинарите од намерата да известуваат за нивните опструкции на истрагата на СЈО. Дали инспираторите на синоќешниот напад се истите структури на МВР кои во исто време прават опструкции врз истрагата на СЈО во УБК и дали истите структури стојат зад досегашните нерасветлени напади врз новинари? Јалови се обидите преку напади и заплашување на новинари да се попречи и избегне правдата“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)го осуди вчерашниот физички напад врз новинарот. „Во овој случај сакаме да ја потсетиме јавноста дека станува збор за шести напад врз новинар на место на настан само во 2016 година, вели ССНМ. Ја поздравуваме брзата реакција на припадниците на МВР кои го привеле напаѓачот, но во истовреме искажуваме крајно незадоволство од бавната реакција на надлежните институции кои во крајна инстанца не ги решаваат овие случаи ниту брзо, ниту задоволително во поглед на правдата”.

Македонската асоцијација на новинарите (МАН) побара од надлежните најитно да се расветли случајот бидејќи ова претставува атак врз слободата на изразувањето и атак врз новинарската фела.