Напади на новинари од страна на полицијата се неприфатливи

drago-miljus


СПЛИТ, 13.10.2017. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 7800 новинари и медиумски работници, остро го осудува физичкиот напад врз новинарот на порталот Index.hr Драго Миљуш од страна на службеници на сплитската полиција.

Драго Миљуш стоел на јавна површина, надвор од полициските линии што ја обезбедуваа полициската интервенција на плажата Обојена светлост во Сплит. Интервенцијата беше поврзана со бомбаш-самоубиец, кој, за жал, на крај ја оствари својата намера.

Еден од припадниците на полицијата почна да се расправа со Миљуш, најпрво вербално, а потоа и со туркање. Полицаецот го фрли мобилниот телефон на Миљуш во морето. На тоа се придружил и еден полицаец од специјалната единица кој го удрил новинарот во главата, а со тоа го бутнал новинарот на земја и му ја расцепил устата.

По инцидентот, Миљуш побарал медицинска помош во болница каде му ја сошиле усната. Сплитската полиција најави дека отворила истрага во врска со овој инцидент и дека ќе ја информира јавноста за се што ќе открие.

„Хрватското здружение на новинари ја поздрави реакцијата на властите, но нагласи дека тие во многу наврати побарале од полицијата да ја информира јавноста за резултатите од нивните истраги за заканите и нападите врз новинарите“ – рече Саша Лековиќ, претседател на ХЗН. „Но сето тоа беше залудно. Наместо да ги споделуваат информациите, полициските службеници физички напаѓаат новинари на работа“ – додаде тој.

Регионалната платформа го поддржува ХЗН во своите напори и ги повикува хрватските институции да ги истражат последните, но и претходните напади врз новинарите и да докажат дека овие инциденти се сфаќаат сериозно. Спроведувањето на меѓународните стандарди за заштита на новинарите, нивната безбедност и слободата на изразување кои се вградени во националното законодавство е од најголема важност и ќе обезбедат слободни и безбедни услови за работа на новинарите и медиумите.

Од почетокот на 2017 година ХЗН регистрираше 4 физички напади и 3 случаи на закани врз новинари во Хрватска, вклучувајќи го и последниот инцидент.

Регионалната платформа силно ги поддржува новинарите и медиумските организации во напорите за заштита на новинарите и слободата на говорот. Секој напад врз новинарите се смета како напад на јавниот интерес, демократија и правата на сите граѓани.

 

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalist Association of Serbia
Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност , Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 13/10/2017


, ,