Регионална платформа: Полицијата да реагира и да го заштити Дино Јахиќ

0
481

БЕЛГРАД, 03.09.2018 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, бара итна реакција од страна на надлежните органи за лоцирање и казнување на лицатa кои последните неколку дена му се закануваа на колегата Дино Јахиќ, главен и одговорен уредник на Центарот за истражувачко новинарство на Србија.

Во изминатите десет дена, Дино Јахиќ и неговите колеги од Центарот за истражувачко новинарство на Србија постојано беа изложени на навреди кои подоцна прераснаа во сериозни смртни закани. Покрај негативните коментари и вулгарни навреди, пораките кои му беа испратени на колегата Јахиќ исто така содржат говор на омраза во врска со името и потеклото на новинарот, како и експлицитни смртни закани. Една од пораките кои му беа испратени гласеше: „Треба да ти направиме дупка во черепот“.

Оваа ситуација во која се наоѓа моментално Дино Јахтиќ е директна последица на изјавите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој го нападна главниот и одговорен уредник на ЦИНС на 21-ви август, обвинувајќи го дека го води центарот, кој со финансиска поддршка од меѓународни организации, ги уништува политичките структури во регионот, без да даде никакви докази за неговите опасни обвинувања.

„Со години, Здружението на независни новинари на Србија бара од сите актери на политичката сцена да прекинат со заканите, понижувањето и навредите кон новинарите, бидејќи, покрај загрозување на основните принципи на слободните медиуми и демократијата, ваквото однесување иницира вербални закани на социјалните мрежи, а не ретко резултираат и со напади врз новинарите“, рече Славиша Лекиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија.

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите бара од полицијата и обвинителството да ги идентификуваат и санкционираат лицата кои му се заканувале на колегата Јахиќ што е можно поскоро, бидејќи секое одложување на соодветната реакција на надлежните органи отвора простор за натамошно насилство против новинарите.

Според Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) овој случај е 18-ти регистриран напад врз новинарите во 2018 година во Србија.

Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје-Белград-Подгорица-Приштина-Сараево-Загреб, 03.09.2018.

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia