Регионална платформа: заканите на хрватскиот министер Медвед на новинарот Мазоко претставуваат сериозен напад врз слободата и правата на новинарите

0
352

ЗАГРЕБ, 07.06.2018. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро ги осудува заканите кон новинарот на хрватскиот медиум Index, Војислав Мазоко.

Новинарот Војислав Мазоко го информираше Здружението на хрватските новинари дека министерот за хрватските ветерани, Томо Медвед, го контактирал на телефон во неделата, на 3 јуни 2018 година во 14:46, нервозен во врска со неговата статија за вработувањето на синот на министерот во Агенцијата за комерцијални дејности .

“Во текот на разговорот кој траеше 15 минути, министерот не се ни обиде да оспори некој од фактите кои беа наведени во статијата. Наместо тоа, тој ми се закани со следниве зборови: “Сакаш да влезеш во ринг со мене? Ако тоа го сакате, тогаш тоа и ќе го сториме. Ако повторно го спомнете мојот син, тоа ќе го разбуди воениот дух во мене. Дали сакате да објавам соопштение за печатот следната недела за начинот на кој дојдовте во Министерството за одбрана, преку кој тендер и колку пари сте ги добиле? Имам фиока полна со документи и знам со кого сте работеле и за кого сте работеле. Кому служите вие г-дин Мазоко? Кому?”, рече Мазоко.

Еден час подоцна, Мазоко ги пријавил овие закани во 5-тата полициска станица во Загреб, но тој е убеден дека неговиот извештај не е сфатен сериозно. Имено, полицискиот службеник со кого контактирал само направил службена белешка и му пренел дека неговите колеги ќе го контактираат повторно следниот ден. Дури и по неколку дена Мазоко се уште никој не го контактирал.

Платформата ги повикува надлежните органи соодветно да реагираат и јасно да ги осудат заканите на Томо Медвед. Платформата ќе испрати писма до сите релевантни власти во Хрватска, барајќи итно и темелно да ги испитаат сите факти поврзани со овој случај и да почнат да постапуваат соодветно.

Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинар претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на граѓаните.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 07.06.2018.

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association o.f Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia