Новинарите бараат Европскиот парламент да ги заштити авторските права

0
386
Source/Author: SSNM
Source/Photo: SSNM

СКОПЈЕ, 04.09.2018 – Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ и ЕФЈ) денес ја потврдија нивната поддршка за усвојувањето на Директивата за авторски права во Единствениот дигитален пазар (ЕДП), повикувајќи ги членовите на Европскиот парламент да гласаат на 12 септември за предлогот, како што е поднесен од страна на неговиот Комитет за правни работи (JURI).

Препознавајќи ја клучната важност на авторските права, инвестирањето на медиумите во квалитетна содржина и потребата од воспоставување на фер практики во онлајн експлоатацијата на вестите, текстот, во формата во која е предложен од страна на Комитетот за правни работи на 20 јуни, е пионерски.

„Овaa долгоочекувана легислатива повторно ја воспоставува рамнотежата и разновидноста во еден екстремно важен сектор, во моментов доминиран од мала група на гигантски технолошки корпорации, рече Антони Беланџер, Генерален секретар на ИФЈ.  „Многу од опонентите на оваа директива, кои тврдат дека се независни и дека зборуваат во име на јавноста, се финансирани од таквите технолошки гиганти. Тие велат дека авторските права им носат корист на големите бизниси, но егзистенцијата на стотици илјадници новинари и милиони автори во Европа и пошироко зависи од авторските права.“

„Авторските права немаат врска со цензурата“, додаде Рикардо Гутиерез, Генерален секретар на ЕФЈ. „Тоа е начин кој времето покажало дека може да обезбеди придобивка на нашите општества од работата на посветени професионални автори кои се независни бидејќи можат да заработуваат од нивната работа. Доколку, наместо тоа, авторите би требало да се потпираат на спонзорства или покровителства, нивната независност и способност да креираат и известуваат би била осакатена.“

Организациите велат дека ниту еден од стравовите пројавени во оваа кампања не е оправдан, потенцирајќи особено:

  • ДекаЧлен 11 е неопходна мерка за спречување на „шлепање“ на интернет корпорациите на публикации и автори кои продуцираат зборови и слики за нив. Меѓународната и Европската федерација на новинари има усвоено заеднички став со организациите на европски издавачи на весници за Член 11 и текстот за Параграф 35 (достапен тука), за да обезбедат дека придобивките кои произлегуваат од идните сродни права на издавачите се поделени правично и пропорционално помеѓу новинарите и издавачите.
  • Дека Европскиот супервизор за заштита на податоци утврдил дека барањата за мониторинг во Член 13 се пропорционални, со посебна внимание на нивното точно транспонирање од страна на земјите членки. Лиценцирањето преку авторски агенции ќе им обезбеди на авторите одреден надомест за своеволното незаконско користење и последичната девалвација на нивната работа; и таквото лиценцирање, наместо филтрирање, е логичниот исход од овој Член.
  • Дека предлозите за „траголник на транспарентност“ во Членови 14, 15 и 16 даваат основа за авторите и изведувачите да добијат фер надомест кој им е потребен за да продожат да даваат квалитететн придонес на културата и, во случајот со новинарите, демократијата.
  • Предлогот исклучува хиперлинкови од својот опсег и не ги казнува читателите кои споделуваат статии.

Во писмата адресирани до членовите на Европскиот парламент ИФЈ, ЕФЈ и нивните национални подружници побараа од членовите на парламентот да класаат во корист на целиот извештај на JURI, а особено да го заштитат Поглавје III, во одбрана на културата и демократијата во Европа.

Истовремено, ИФЈ и ЕФЈ предупредуваат против усвојување на какво било законодавство кое би ги магинализирало авторите, особено новинарите, и би ги лишило од правичен и пропорционален удел кој произлегува од сродните прва.

Без заштита за авторските права, не може да постои професионално новинарство.