Претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски во статус на својот Фејсбук профил со погрдни зборови упати навреди и повици за насилство кон новинарот на ТВ 24, Горазд Чомовски. Тоа го стори веднаш по објавувањето на дел од интервјуто на Чомовски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вербален напад и навреди против новинарката Алмедина Исмајили.

Во текот на јануари 2020 година, на новинарката Анета Додевска во приватна порака на Фејсбук и биле упатени закани од лице регистрирано како Ivo Bucim. Заканата била по животот на новинарката – „Ti si eden takov sram za MAKEDONSKIOT NAROD sto treba da si ja smenis verata nikakva, samo ne si ti vinovna jas trebase da te ubijam vecerta dodeka bevte vo gazela“.

Лицето Емил Јакимовски упатило закани и навреди кон новинарката Искра Коровешовска.

Лицето Емил Јакимовски упатило закани и навреди кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“.

На новинарката Наташа Стојановска и биле упатени закани од страна на лице регистрирано на Фејсбук како Ненад Василевски.

Закана од непознат сторител и заплашување од страна на лицето Зоран Азманов

Откако екипата на ТВ21 снимила прилог во врска со поплаките на жителите на општина Арачиново во врска со лошата инфраструктура, роднини на градоначалничката Миликије Халими упатиле вербални закани кон телевизиската екипа дека ќе им ја искршат камерата и барале снимките да бидат избришани.

Бизнисменот Зоран Азманов упати вербални закани кон новинарот Ацо Кабранов.