SafeJournalists: Непознати мажи се заканија со убиство на новинари во Хрватска

SafeJournalists: Непознати мажи се заканија со убиство на новинари во Хрватска

Незадоволни од пишувањето на Слободна Далмација и порталот „задарски.хр“, двајца средовечни мажи влегоа во просториите на медиумите и се заканија дека ќе убијат новинари.

На 01 декември, околу 12:00 часот, двајца средовечни мажи со хируршки маски на лицата влегоа во просториите на канцеларијата на дописникот „задарски.хр“ и „Слободна Далмација“ во Задар и им се заканија на новинарите со смрт. Мажите не биле задоволни од приказната за венчавката во Горна Сливница што се одржала минатата сабота, против постојаните мерки со кои се забранува организирање свадбени церемонии. Веднаш штом беше објавена приказната, мажите дојдоа во редакцијата на Слободна Далмација. Едните ги нарекуваа новинарите мршојадци и им се закануваа дека ќе ги убијат и сите што пишуваа за венчавката ќе ги заколат како мачиња. Откако им се заканија на новинарите на Слободна Далмација и „задарски.хр“, двајцата ја напуштија редакцијата, велејќи дека ќе се вратат откако ќе ја посетат редакцијата на Задарски Лист. Заканите веднаш биле пријавени во полицијата во Задар која постапила навремено и го уапсила 50-годишниот маж. Против него е поднесена кривична пријава.

Ивица Невесканин, раководител на дописничката канцеларија на Слободна Далмација во Задар и извршен уредник на порталот „задарски.хр“, за SafeJournalists изјави дека еден ден по првиот инцидент, друг човек дошол во редакцијата и го побарал. Невесканин, кој е коавтор на спорниот текст, го пријавил и овој случај и во полиција.

„Она што се случува е преминување на сите граници. Ваквите напади ги спречуваат колегите да ја вршат својата работа. Се надевам дека ќе продолжиме да работиме како порано и без двоумење да пишуваме за теми што другите не сакаат да бидат спомнати во јавноста – рече Невесканин кој ја поздрави брзата реакција на полицијата во Задар и додаде дека на ова треба да се решат високи политичари и државни извршните тела кои треба да предупредат на ваквите случаи и да ги осудат.

Членот на мрежата на SafeJournalists, Хрватското здружение на новинари (ХНД) ја поздрави брзата реакција на полицијата во Задар, но истакна дека нападите врз новинарите во Хрватска не се намалени.

„Со години ХНД предупредуваше дека е создадена непријателска атмосфера во општеството кон новинарите и ние сме навистина загрижени за безбедноста на нашите колеги – рече Хрвоје Зовко, претседател на ХНД и додаде дека очекува реакција на властите на овој напад.

Мрежата на SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 професионални медиуми во Западен Балкан, се придружува кон својот член ХНД во осудата на смртните закани за новинарите на Слободна Далмација и порталот „задарски.хр“. Иако полицијата во Задар реагираше навремено, ние сме загрижени за постојаниот недостаток на осуда за нападите врз новинари од највисоките органи во Хрватска. Со ова ги повикуваме хрватските власти сериозно да ги сфатат заканите кон новинарите и да предупредат дека доколку не бидат соодветно санкционирани, веројатно ќе доведат до физички напади.

Мрежата на SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овој случај.

 

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

 

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 05.12.2020.

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на БХ

Здружение на хрватски новинари

Здружение на независни новинари на Србија

Синдикат на медиуми на Црна Гора