Новинарот на RTL, Горан Латковиќ, беше нападнат додека известуваше од собир на противниците на епидемиолошки мерки и потврди за Ковид-19 во Загреб на 20 ноември.
Според информациите на Здружението на новинарите на Хрватска од новинарот Латковиќ, две непознати лица го нападнале одзади, му удриле две шлаканици по лицето, а третото го удрило со лакт во ребрата. Новинарот го пријавил нападот во полиција. Латковиќ не бил единствената цел на нападот. Демонстрантите ги навредувале ТВ екипите на Нова ТВ, Н1 и ХРТ, додека пак на новинарката на Ал Џезира, Николина Завишиќ, и беше одземен микрофонот од група демонстранти среде пренос во живо. Демонстрантите се обидоа да влезат и во зградата на јавен радиодифузен сервис, но полицијата ги спречи во тоа.
Ова не е прв пат демонстранти да напаѓаат новинари на вакви протести. Затоа е потребно државниот врв јасно да ги утврди ваквите напади, јавно да ги осуди и да стави до знаење дека таквите напади се неприфатливи.
Хрвоје Зовко, претседател на Здружението на новинари на Хрватска, изјави дека е неподнослива атмосферата во општество каде што новинарите се повеќе се мета и напаѓаат и вербално и физички. Новинарството е јавно добро и никој нема право физички да напаѓа и навредува луѓе кои само си ја вршат работата“, додаде Зовко.
Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својот член, Здружението на новинарите на Хрватска, во осудата на овие закани. Бараме од полицијата да ги открие сторителите на нападите, од државното јавно обвинителство да покрене постапка против напаѓачите и државниот врв јавно да ги осуди овие напади.
Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни страни учесници за овој случај.
Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.
Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 22.11.2021
Здружение на новинари на Македонија
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинари на БиХ
Здружение на новинари на Хрватска
Независно здружение на новинари на Србија
Синдикат на медиуми на Црна Гора