Државен притисок и физички напад врз албански новинари

Државен притисок и физички напад врз албански новинари

Во изминатите неколку дена имаше два сериозни случаи на закани по слободата на новинарството во Албанија.

Државен притисок врз албанските новинари Анди Бушати и Арманд Шкулаку

На 16 април во 13:30 часот, во Тирана, Анди Бушати и Арманд Шкулаку, сопственици и уредници на мрежното издание Лапси.ал, беа повикани на распит во обвинителството од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) како дел на формално отворени истраги за протекување на масовен систем за следење на 910.000 досиеја за лични податоци на граѓани (наводно збир на податоци на Социјалистичката партија на Албанија што се користи за изборни цели). Бушати изјави дека обвинителите побарале од него да го посочи изворот од каде ги добил информациите и дека Lapsi.al одби да ги обезбеди за да го заштити изворот. Не е јасно дали официјално се покренати кривични истраги против новинари. Lapsi.al, а потоа и други медиуми објавија детали за голема база на податоци што содржи лични податоци на повеќе од 910.000 гласачи.
Дадените податоци ги содржеа нивниот матичен број, име, име на татко, презиме, датум на раѓање, центар за гласање, место на раѓање, код на живеење, телефонски број, дали се иселеници и доколку е така, која земја, дали најверојатно ќе гласаат за Социјалистичката партија, родното место, работодавачот и директорот.
Бушати ја опиша средбата со обвинителите како „кратка“, истовремено повикувајќи ги целосно да истражат како личните податоци на граѓаните завршиле во рацете на политичка партија. „Не верувам дека обвинителството ќе ја открие вистината за овој настан“, „Ова прашање се третира едноставно како истекување на лични податоци, и како такво не е во надлежност на СПАК, но ова е всушност многу полошо, тоа е изборен криминал“, додаде Бушати. Ова беше прв пат тој да биде повикан во СПАК. „Разочарувачки е, кршење на податоците што вклучуваат лични податоци на граѓаните на Тирана, јасно кршење на Уставот, на Законот за заштита на личните податоци и се оддалечува далеку од законот на ЕУ за GDPR. Властите во Албанија треба да водат транспарентна истрага. Клучно е да им се дозволи на медиумите да ја вршат својата истражувачка работа, да ги штитат своите извори, но во исто време медиумите исто така мора да се придржуваат до етичките кодекси на однесување “, рече Блерјана Бино, истражувач на мрежата ,,SafeJournalists” во Албанија.

Напад врз албанскиот новинар Роналдо Шарка и неговата екипа
Друг случај се случи на изборен состанок на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај во Каваја и се претвори во инцидент против ТВ екипата на телевизијата Ора Њуз и новинарот Роналдо Шарка. На 18 април, околу пладне, според досега познатите информации, новинарот Роналдо Шарка и неговата ТВ екипа буквално биле исфрлени од тој политички собир.
Во интервју во студиото на телевизијата ОраЊуз, новинарот Роналдо Шарка рече: „Бев со микрофон, со беџ, со лого од медиумот, лесно препознатлив и му се обратив на г. Велиај, за прашања во интерес на јавноста, но ситуацијата беше многу сериозна и таму сфатив дека нешто не е во ред. Не беа телохранителите на Велиај, телохранителите на општината кои го штитеа од медиумите. Ова веќе стана нормално за мене и моите колеги. Но, имаше луѓе што никогаш не сум ги видел, четириесетина од нив што ја оттурнаа целата ТВ екипа“. Новинарот Роналдо Шарка поднесе обвиненија до локалната полиција. Нема реакција од градоначалникот во врска со ова.
Претходно оваа недела, неговиот колега Иса Мизирај, исто така новинар од истата телевизија, на 12 април, беше физички спречен да го испрашува градоначалникот од страна на неговите чувари. „Градоначалникот одбива да одговори на нашите прашања што се од јавен интерес, покрај тоа што тој одбива да го стори тоа, исто така ги нападна вербално нашите медиуми “, рече Иса Мизирај за мрежата на ,,SafeJournalists”. Роналдо Шарко изрази загриженост за „недостатокот на подготвеност на градоначалникот да одговори на прашањата на новинарите и континуираното непријателство особено кон овој медиум, “.
„Новинарите и медиумските професионалци на телевизијата ,,ОраЊуз” објавија јавно разни инциденти со градоначалникот на Тирана, и ова е прашање што се грижи за слободата на медиумите, но и за транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа. Сега, кога новинарите на ОраЊуз поднесоа обвиненија до локалната полиција, од најголемо значење е властите да го испитаат ова правилно “, рече Блерјана Бино, истражувач на ,,SafeJournalists” во Албанија.
Мрежата на „SafeJournalists“, претставувајќи повеќе од 8.200 професионални медиуми во Западен Балкан, солидаризирајќи се со колегите од Албанија и го осудува нападот врз ТВ екипата, но исто така изразува загриженост за притисокот што го вршат новинарите да ги обелоденат нивните извори. Во првиот случај, мрежата на ,,SafeJournalists” очекува дека властите во Албанија треба да водат транспарентна истрага, а во вториот, исто така, очекуваме од градоначалникот да реагира на овие наводи и да се дистанцира од напади кон новинари.

Мрежата на ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за двата случаи.
Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 19.04.2021 година

Здружение на новинари на Македонија
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинари на БиХ
Здружение на хрватски новинари
Здружение на независни новинари на Србија
Синдикат на медиуми на Црна Гора