Коалиција за слобода на медиумите и SafeJournalists мрежата: 25 години подоцна, сè уште нема правда за Славко Ќурувија

Коалиција за слобода на медиумите и SafeJournalists мрежата: 25 години подоцна, сè уште нема правда за Славко Ќурувија

Коалицијата за слобода на медиумите и SafeJournalists мрежата се разочарани од одлуката на Апелациониот суд да ги ослободи обвинетите за убиството на Славко Ќурувија поради недостиг на докази

Единствениот случај на убиство на новинар во Србија кој стигна до судот, не заврши со правосилна пресуда. Со оваа пресуда државата покажува дека не е способна или не сака да решава случаи на убиства на новинари. Исто така, се испраќа порака до новинарите дека државата нема да ги заштити.

Апелациониот суд во Белград ја објави второстепената одлука што ја донесе во април минатата година, со која обвинетите во случајот за убиството на новинарот Славко Ќурувија ги ослободи од обвиненијата. Поради недостиг на директни и индиректни докази кои веродостојно би потврдиле дека обвинетите Марковиќ, Радоњиќ, Курак и Ромиќ се сторители на ова кривично дело, судот оцени дека обвиненијата не се докажани без сомнение, а со прифаќање на жалбите на одбраната и делумно прифаќајќи ја жалбата на Обвинителството, ја преиначи првостепената пресуда со ослободување на обвинетиот.

Со првостепената пресуда на Вишиот суд во Белград, од 2 декември 2021 година, Радомир Марковиќ и Милан Радоњиќ беа осудени на затворски казни од по 30 години за кривично дело тешко убиство, додека пак од страна на окружниот суд Мирослав Курак и Ратко Ромиќ беа осудени на затворски казни од по 20 години.

Славко Ќурувија беше убиен на 11 април 1999 година, судењето започна дури во 2015 година. Правосилната пресуда ја чекавме речиси девет години, односно беше донесена четврт век по извршеното злосторство.

Потсетуваме дека на 9 ноември 2023 година, Обвинителството за организиран криминал (ООК) го врати предметот за убиството на Милан Пантиќ на Вишото јавно обвинителство во Јагодина и се прогласи за ненадлежно. Упатување на овој случај во ООК беше една од препораките на Комисијата за истражување на убиството на новинарите.

Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 02.02.2024.

Коалиција за слобода на медиумите: Здружение на медиуми, Здружение на онлајн медиуми (АОМ), Независно здружение на новинари на Војводина (НДНВ), Независна новинарска асоцијација на Србија (НУНС), Деловно здружение на локални и независни медиуми „Локален печат“. Фондацијата Славко Чурувија и Синдикатот за култура, уметност и медиуми „Независност“

SafeJournalists мрежата: Здружение на новинари на Косово; Здружение на новинари на Македонија; Здружение на новинари на БиХ; Здружение на новинари на Хрватска; Независно здружение на новинари на Србија и Синдикат на медиуми на Црна Гора