Наративот на косовскиот пратеник кон медиумите ја загрозува слободата на медиумите

Наративот на косовскиот пратеник кон медиумите ја загрозува слободата на медиумите

Фиторе Пацоли, пратеничка на владејачката партија ,, Lëvizja Vetëvendosje”, во своето денешно излагање во Собранието на Република Косово предложи Собранието и Владата да преземат некои мерки кон медиумите, бидејќи повика на владина регулација на медиумите, особено на интернет порталите. Во Косово повеќето медиуми се регистрирани како бизниси во рамките на Косовската агенција за регистрација на бизниси – KBRA, додека останатите медиуми се регистрирани како невладини организации, а нивната активност е регулирана со важечките закони и регулативи, како и Кодексот на однесување на независната комисија за медиуми и Советот за печат на Косово.

Отворениот повик на пратеникот Пацоли за директна интервенција на Владата на Косово за контрола на медиумите е неприфатлив бидејќи исто така се смета за загрозување на слободата на говорот и демократијата.

„Ова е многу загрижувачка изјава што ја даде пратеничката Пацоли и не е првпат таа да се расправа со медиумите. Нејзиниот повик за директно вклучување на Владата во медиумските бизниси е алармантен и се надеваме дека тоа не е знак за работите од владејачката партија. Секое мешање би претставувало отворен напад против слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Косово“, изјави Џемајл Реџа, претседател на Управниот одбор на Здружението на новинари на Косово – АЈК.

Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својот партнер АЈК во осудувањето на ваквите наративи и ги повикува сите официјални лица и политичари да се воздржат од користење на наративи кои претставуваат опасност за демократијата. Ја осудуваме секоја иницијатива на владите која има за цел контрола врз медиумите, бидејќи овие обиди се неприфатливи во демократските земји.

Секоја закана за слободата на медиумите е закана за јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица – Тирана, 14.07.2022

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора