СЈ: Искршен прозорец во просториите на еден локален весник во Србија

СЈ: Искршен прозорец во просториите на еден локален весник во Србија
slika: canva

Ноќта помеѓу 11 и 12 јуни 2022 година непознати сторители ги скршиле прозорците на службените простории на локалниот неделник „Глас Подриња“ од Шабац. Делот од бетонската цигла која била фрлена го скршил прозорецот и завршил во една од канцелариите. За среќа, во моментот на нападот немало никој во редакцијата.

Случајот бил пријавен во полиција, која извршила увид и ги собрала потребните докази.

Директорот на „Глас Подриње“, Зоран Живковиќ, за мрежата ,,SafeJournalist” изјави дека некој морал однапред да го испланира овој напад, со оглед на тоа што редакциите се наоѓаат во самиот центар на градот, каде што не е лесно да се најде бетонски блок.

Ова не беше прв напад на „Глас Подриња“. Пред две години со слична бетонска коцка беше скршено стаклото на возилото на редакцијата, кое беше паркирано до зградата. Сторителите до денеска не се откриени.

Последниот случај ќе биде предаден на обвинителството, со надеж дека сторителот ќе биде откриен што е можно поскоро, соопшти редакцијата на весникот.

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) најостро го осудува нападот врз редакцијата на „Глас Подриња“ и ги повикува полицијата и обвинителството што поскоро да ги откријат и осудат сторителите. За среќа, овој пат нема повредени, но со оглед на тоа што тоа не се случува првпат и дека нападот бил однапред испланиран, стравуваме дека ќе се повтори и дека ќе има повредени. НУНС потсетува и дека новинарите кои работат во мали локални заедници се препознатливи, а со тоа и повеќе изложени на потенцијални напади и ги повикува властите да застанат во одбрана на нив.

Мрежата ,,SafeJournalist”, која претставува над 8.200 медиумски работници во Западен Балкан, се придружува на нејзиниот член НУНС во осудата на нападот врз редакцијата „Глас Подриња“. Мрежата ги повикува надлежните институции во Србија да дејствуваат и да се грижат за безбедноста на новинарите. Бараме и од надлежните брзо спроведување на целата постапка и казнување на сторителот.

Секој напад врз новинари е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица – Тирана, 14.06.2022

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Здружението на новинари на БиХ

Здружение на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора