Во текот на ноќта или рано наутро на 20 септември, непознат напаѓач (или напаѓачи) оставил/е два погребни венци на влезот од семејниот имот на новинарот и соработник на порталот Pancevo.city, Слободан Дукиќ во општина Ковин. Уредниците на порталот ги известиле надлежните органи за настанот – Полициското одделение во Панчево и Основното и Вишото обвинителство во Смедерево.
Слободан Дукиќ наведува дека полицијата вчера дошла кај него дома и тој дал изјава, а минатата ноќ повторно му се јавиле да ја земат истата изјава и да потпише службена белешка. Дукиќ посочува дека на полицијата и кажал кое е лицето за кое се сомнева дека ги оставил венците пред неговата капија, а од истото лице и претходните денови телефонски добивал закани. За мрежата SafeJournalists, Дукиќ истакна дека заканите ги поврзува со последниот текст во кој пишува дека помошникот на градоначалникот на Ковин, Душан Максимовиќ има лажна диплома за високо образование од новосадската бизнис школа. “Им велам дека тоа нема да ме спречи и дека во наредниот период ќе ги објавам сите кои имаат лажни дипломи во јавните претпријатија “, вели Дукиќ.
„Новинарите на порталот Pancevo.city со години се изложени на напади, притисоци, навреди и брутални клевети од владини функционери и режимски медиуми, а последниот случај на колегата Дукиќ јасно покажува каква опасна и непромислена екипа води кампања против независните новинари од југот на Банат“, кажа Жељко Бодрожиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија.
Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, го осудува заплашувањето на новинарите и смета дека е загрижувачки што некој се чувствувал слободен да го нападне личниот простор на новинарите и да остави венци кои алудираат на смрт.
Мрежата SafeJournalists ја поздравува брзата реакција на полицијата и апелира што поскоро да се открие сторителот (или сторителите) и соодветно да се санкционираат.
SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.
Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.
Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 21.09.2022
Здружение на новинари на Македонија
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинари на БиХ
Здружение на новинари на Хрватска
Независното здружение на новинари на Србија
Синдикатот на медиуми на Црна Гора