SafeЈournalists: Опасни закани за новинарот Александар Станков

SafeЈournalists: Опасни закани за новинарот Александар Станков
Foto: Pixabay

Александар Станков, новинар од порталот ,,Јужне вести”, доби неколку вознемирувачки, но и заканувачки пораки од претседателот на Здружението на семејства на киднапирани, убиени и исчезнати од областа на Косово и Метохија, Симе Спасиќ, по неколку месеци  константно малтретирање. Во своите пораки, Симе Спасиќ му пишува на новинарот дека тој и некои негови колеги од други медиуми треба да бидат ставени на колец и дека жали што еден од членовите на семејството на новинарот не е убиен.

Имено, малтретирањето на мојот колега Станков започна уште порано во пролетта откако ,,Јужне вести” објави напис за просториите што организацијата предводена од Симо Спасиќ ги доби на користење од Градот Ниш. Сето тоа кулминираше во последните неколку дена кога новинар го пријави случајот во полиција и обвинителство, но тоа не го спречи напаѓачот да продолжи да го малтретира и заплашува.

Обвинителството веќе го започна процесот поради се тоа што се случи во претходните неколку месеци и го окарактеризира случајот како кривично дело прогон.

Александар Станков за мрежата ,,SafeJournalists” изјави: „Се чувствувам вознемирен и загрозен од првата порака што пристигна на 29 август, а сега сето тоа е само засилено со серијата пораки што пристигнаа откако Спасиќ беше предупреден да не ги испраќа. Јасно е дека тој не се откажува, и покрај предупредувањето од страна на полицијата. Ја информирав јавноста двапати во консултација со обвинителот и очекувам процесот да заврши во согласност со законот“.

Претседателот на НУНС, Жељко Бодрозиќ, ја поздрави брзата реакција на надлежните органи и рече дека се надева дека овој случај ќе биде брзо процесуиран и дека сторителот ќе биде соодветно казнет, ​​а во јавноста е испратена порака дека овој тип на однесување е неприфатливо.

Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, ги осудува заканите упатени кон Александар Станков. Бараме брза и ефикасна истрага и соодветна казна за сторителот.

Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги извести сите релевантни домашни и меѓународни актери за овој случај.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 6 септември 2021 година

Здружение на новинарите на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари од БиХ

Хрватска асоцијација на новинари

Независно здружение на новинари на Србија

Синдикат на медиуми на Црна Гора