
Според полицијата, убиството на уредникот на порталот Istraga.ba во Босна и Херцеговина било планирано, додека уредникот на порталот Komarilos.com, Дарио Топиќ, бил физички нападнат во средата во хрватскиот град Осиек.
Полицијата, безбедносните и правосудните институции во Федерацијата на БиХ биле информирани преку меѓународни полициски канали дека лицето Дино Музаферовиќ познат како Цезар подготвувал ликвидација на уредникот на порталот Istraga.ba, Авдо Авдиќ.
На 5 декември, Музаферовиќ бил уапсен во Љубљана, откако на порталот Istraga.ba на 29 ноември бил објавен текст кој содржел информации за неговото учество во организирањето и извршувањето на убиството на неговиот сограѓанин, како и местото каде се крие Музаферовиќ. Откако словенечките медиуми го објавија оваа информација, според сознанијата на полицијата и безбедносните структури, Музаферовиќ започнал да го подготвува убиството на уредникот на Istraga.ba.
Управниот одбор на Здружението на новинари на БиХ (ЗНБХ) и Линијата за помош за новинари испратија барање до надлежните институции да преземат сите безбедносни мерки за заштита на новинарот Авдо Авдиќ.
Без оглед на апсењето на Музаферовиќ и на резултатите од полицијата, безбедносните ризици за животот на новинарот и неговото семејство не се елиминирани и тие мора да бидат обезбедени со полициска заштита и специјален надзор. Здружението на новинари на БиХ укажува дека новинарот Авдиќ веќе со години пишува за меѓународни криминални кругови поврзани со наркокартели и нивните лидери, поради што добил сериозни закани и бил под постојан притисок. „Со жалење мора да констатираме дека овој новинар бил закануван не само од лица од криминално опкружување, туку и од политичари од БиХ и носители на највисоки државни позиции, кои се обиделе професионално да го дискредитираат и хуманизираат Авдиќ, и да создадат круг на насилство и безбедносни ризици околу него претставувајќи го како „криминалец“. Ниту еден од овие случаи не завршил со казнување на напаѓачите“, истакнува ЗНБХ.
На 4 декември, новинарот Дарио Топиќ бил нападнат од Дамир Таслиџиќ, ко-саопственик и претставник на компанијата Elektromodul. Имено, откако порталот Komarilos.com објави за случајот на одбивање на Градот Осиек да ја продолжи концесијата за паркирање на Elektromodul на крајот од годината, Дамир Таслиџиќ, чие што компанија и понатаму е актуелен концесионер, го поканил Топиќ во своите бизнис простории под изговор дека ќе му даде информации за проневера при доделување на концесии, а веднаш по влегувањето го нападнал и го удирал.
Дарио Топиќ веднаш го пријавил случајот во полицијата, Државното обвинителство и Хрватското здружение на новинари (ХНД), отишол во болница на лекарски преглед, а на 5 декември, придружуван од вицепретседателот на ХНД, Драго Хедл, повторно дал изјава во полицијата во врска со нападот. Според достапни информации, се сомнева дека напаѓачот веднаш по инцидентот го напуштил Хрватска и се упатил во Босна и Херцеговина.
Поради овој случај, ХНД испратило писмо до полицијата со барање за апсење на напаѓачот, а до Државното обвинителство било побарано да поднесе обвинение за напад и физичко повредување. Според измените на Хрватскиот кривичен законик од 2020 година, нападот врз новинар се третира како напад врз лице што извршува задачи од јавен интерес, а казната за тоа кривично дело е до три години затвор.
ХНД бара институциите да постапуваат согласно со законот и Протоколот за постапување на полицијата при дознавање за кривично дело извршено на штета на новинари и други медиумски работници при извршување на нивните работни задачи, со цел да се стави крај на атмосферта на отворен линч во која работат, особено кога тие се етикетирани од највисоки државни нивоа. Таква атмосфера охрабрува различни насилници кои мислат дека можат да нападнат новинари без последици.
Мрежата SafeJournalists остро ги осудува случаите на загрозување на безбедноста на Авдиќ и физичкиот напад врз Топиќ и повикува на најстрога казна за оние кои се осмелиле да се занимаваат со новинарите на ваков начин. Ние се приклучуваме на ХНД во повикот за ставување крај на атмосферите на отворен линч против новинарите, како и на ЗНБХ во итните барања до надлежните безбедносни, полициски и обвинителски структури во БиХ за обезбедување на безбедноста на новинарот и неговото семејство и преземање на сите мерки за решавање на претходните закани и неказнето насилство против новинарите.
Мрежата SafeJournalists ќе информира релевантни национални и меѓународни чинители.
Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.
Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 6.12.2024
- Здружение на новинари на Косово
- Здружение на новинари на Македонија
- Здружение на новинари на БиХ
- Здружение на новинари на Хрватска
- Независно здружение на новинари на Србија
- Синдикат на медиуми на Црна Гора