Мрежата SafeJournalists, партнерите на MFRR и Коалицијата за слобода на медиумите ги осудуваат тековните напади врз новинарите во Србија. Овој растечки притисок неодамна беше пример за физичкиот напад врз новинарот Вук Цвијиќ и барањето затворски казни за новинарите на медиумите КРИК и Пиштаљка. Ги повикуваме властите да дадат приоритет на справувањето со порастот на нападите врз печатот и искрено да се заложат за подобрување на безбедноста на новинарите.
Новинарот на неделникот „Радар“, Вук Цвијиќ, беше нападнат на 29 мај во Белград од Милан Лаѓевиќ, косопственик на издавачот на провладиниот таблоид „Српски телеграф“. Полицијата го документирала инцидентот, а главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, му наредил на Првото основно јавно обвинителство да ги истражи и утврди сите околности на овој случај.
Цвијиќ за медиумите изјави дека Лаѓевиќ седел во кафуле со негов познаник на кого Цвијиќ му пришла да се поздрави, по што новинарот прво бил вербално, а потоа и физички нападнат. Лаѓевиќ почнал да го навредува новинарот и на крајот го удрил во глава.
Покрај заканите и физичките напади врз новинарите, се почести се и навредливите тужби, а обвинителите бараат и затворски казни за новинарите.
Новинарите на порталот КРИК беа тужени од судијката на Апелациониот суд во Белград, Душанка Ѓорѓевиќ, како одговор на објавувањето на базата на податоци „Судија кој суди“, во која новинарите на КРИК ја следат/регистрираат работата на судството. Меѓу активностите на судиите што ги следи/споменува/во базата на податоци, исто така и оние на Ѓорѓевиќ. Покрај паричен надомест, судијата Ѓорѓевиќ бара затворски казни за новинарите и двегодишна суспензија од вршењето на професијата. Во тужбите поднесени на 13 и 15 мај, судијата Ѓорѓевиќ тврди дека новинарите ја нарушиле нејзината приватност со објавување на нејзиното име и позиција во Апелациониот суд во Белград, заедно со детали за недвижниот имот што го поседува со нејзиниот сопруг. Таа понатаму тврди дека новинарите на КРИК ја загрозија нејзината безбедност и им помагаат на криминалците да ја пронајдат.
„Можеби ова е најголемиот притисок врз КРИК досега, но овие тужби индиректно ги загрозуваат сите други медиуми во Србија. Висок судија не тужи и тврди дека не ни било дозволено да го објавиме нејзиното име, па сега сме ставени во ситуација да ја браниме не само нашата работа на суд, туку и законското право на новинарите да пишуваат за оние кои го вршат моќ“, изјави уредникот на КРИК Стеван Дојчиновиќ.
За нејзината работа беше тужена и новинарката на Пиштаљка, Снежана Ѓуриќ. Таа беше тужена од генералниот секретар на Веслачкиот сојуз на Србија, Владимир Антиќ, по написот за неправилности во управувањето со Здружението, кои ги посочил кодош. Во тужбата која судот ја добил на 26 април, Антиќ бараше и затворска казна за новинарот поради тоа што заедно со текстот беше објавена и негова фотографија, кој беше преземен и потпишан од официјалната веб-страница на Веслачкиот сојуз на Србија. Покрај затворска казна за кривичното дело „неовластено објавување и прикажување на туѓи досиеја, портрети и видео снимки“, во тужбата се бара и кривично да се осуди новинарот за навреда и да плати парична казна, како и надоместок за „претрпена душевна болка поради нарушување на честа и угледот”.
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) долго време предупредува дека зголеменото непријателство против независните новинари создава опасна работна средина. Тие нагласија дека физичките напади, како оној на Цвијиќ, биле само прашање на време.
Ги повикуваме надлежните институции да ја истражат агресијата што ја претрпе Цвијиќ како и другите нерешени напади врз новинарите на брз, независен и ефективен начин. Мора да се прекине синџирот на неказнивост на насилството врз новинарите. Дополнително, ги повикуваме српските институции да започнат темелни истраги за правните закани и да развијат ефективни мерки против вознемирувачките тужби, врз основа на Директивата на ЕУ и Препораката на Советот на Европа за СЛАПП тужбите.
Мрежата SafeJournalists: Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија, Здружение на новинари на БиХ, Здружение на новинари на Хрватска, Независна здружение на новинари на Србија, Синдикатот на медиуми на Црна Гора
Коалицијата за слобода на медиумите: Здружението на медиуми, Здружението на онлајн медиуми (АОМ), Независното здружение на новинари од Војводина (НДНВ), Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), Деловното здружение на локални и независни медиуми „Локален печат“, Фондацијата „Славко Чурувија“ и гранковиот Синдикат за култура, уметност и медиуми „Независност“
MFRR: Европската федерација на новинари (ЕФН), OBC Transeuropa (OBCT), Free Press Unlimited (FPU)