SafeJournalists: Неприфатлив е вандализмот врз канцеларијата на QIKA во Приштина

SafeJournalists: Неприфатлив е вандализмот врз канцеларијата на QIKA во Приштина
photo:

Логото на невладината организација Центар за информирање, критика и акција – QIKA од Приштина, која функционира и како феминистички медиум, денеска беше вандализирано. Во нивното соопштение, QIKA објави дека вандализмот на логото на организацијата се случил по емитувањето на емисијата „Боите на љубовта“ и истакнувањето на знамето на ЛГБТИК+ заедницата на балконот на QIKA.

За Здружението на новинари на Косово (ЗНК) овој чин е неприфатлив, срамен и директен напад врз човековите права, слободата на изразување и медиумите. „Ова станува загрижувачки тренд и се случи само неколку дена откако Приштина беше домаќин на уште една успешна Парада на гордоста“, изјави Џемајл Реџа, претседател на ЗНК. „QIKA беше нападната и порано од слични мотиви и тоа е извор на голема загриженост. Ги повикуваме властите да спроведат брза истрага за случајот, бидејќи тоа го загрозува персоналот и влијае на многу важната работа што ја вршат како ретка онлајн феминистичка платформа“, додаде тој.

Вандализмот на логото на QIKA придонесува за јазикот на омраза и вербални напади врз поединци од ЛГБТИК+ заедницата. Дополнително, го прикажува и суровото опкружување во кое новинарките треба да ги извршуваат своите професионални должности. Покрај тоа, ова не е прв пат оваа организација да биде цел на слични напади.

Мрежата SafeJournalists, која ги застапува медиумските професионалци од Западен Балкан, бара од полицијата да го истражи овој случај. Мрежата, исто така, повикува на толеранција и почитување на различните групи и нивните законски права.

Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица – Приштина, 12.06.2024

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Здружението на новинари на БиХ

Здружение на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора