„SafeJournalists“: Судот го осуди истражувачкиот новинар Јово Мартиновиќ

„SafeJournalists“: Судот го осуди истражувачкиот новинар Јово Мартиновиќ

„SafeJournalists“ мрежата изразува загриженост за одлуката на Апелацискиот суд во Црна Гора за изрекување казна за истражувачкиот новинар Јово Мартиновиќ за посредување во трговија со дрога.

Истражувачкиот новинар Јово Мартиновиќ е прогласен за виновен на 29 март 2021 година, бидејќи тој работел со шверцери на дрога во 2014 година, заклучија судиите на Апелациониот суд, со што ја потврдија пресудата со која Мартиновиќ беше осуден на една година затвор за посредување во трговија со дрога, и ослободен од обвиненијата за создавање криминална организација.

Судиите на Апелациониот суд го делат мислењето на колешката од Високиот суд – Весна Пин, дека Мартиновиќ ги користел своите познаници од новинарската професија за да ги поврзе шверцерите. Судот тврди дека состанокот на Мартиновиќ со другите обвинети во овој случај – Душко Мартиновиќ, соработник сведок Намик Селмановиќ и Јонуз Хаџибети – немал за цел да снима документарен филм или да објави што било поврзано со трговија со дрога.

Јово Мартиновиќ изјавил дека потврдата за неговата пресуда дошла од истиот суд и судиите кои ја потврдиле ослободителната пресуда за црногорските нарко-босови и другите миленици на оние кои ја држеле Црна Гора и нејзините институции заробени со децении.

„За жал, невозможно е да се очекува правда од ваков суд, затоа не сум изненаден што во образложението на пресудата не се наведени ниту побиените доказите или конкретниот аргумент од мојата жалба. Со вакви наводни докази и карикатура на црногорските судови може да се осуди секој за што било, само ако добие намигнување и коска од господ “, изјави Мартиновиќ.

Мартиновиќ помина 14 и пол месеци во притвор, па ја издржа казната. Меѓународните новинарски организации неколкупати претходно протестираа против оваа пресуда, велејќи дека Мартиновиќ е осуден иако само си ја вршел својата работа.

„Синдикатот на медиуми на Црна Гора (ТУММ) длабоко жали заради одлуката на Апелациониот суд да ја потврди пресудата со која истражувачкиот новинар Јово Мартиновиќ беше осуден за посредување во трговијата со дрога“, рече потпретседателот на ТУММ Радомир. Крачковиќ.

Тој рече дека Мартиновиќ со години тврди дека контактирал со шверцери на дрога само со цел да сними документарец, но судовите не сакаат да го прифатат тоа.

„Не гледаме друг мотив во овој случај затоа што нашиот колега Мартиновиќ само се обидувал да си ја заврши својата работа – новинарско истражување. Одлуката е донесена и покрај бројните апели и писма од меѓународни новинарски организации, кои ја опишаа оваа пресуда како карикатура на правдата. Уште еднаш се покажа дека некои црногорски судови не ги почитуваат спецификите на новинарската работа, што дополнително ја нарушува слободата на медиумите во Црна Гора “, изјави Крачковиќ.

Мрежата на „SafeJournalists“, која претставува повеќе од 8.200 професионалци во медиумите од Западен Балкан, им се придружува на своите членки ТУММ во изразувањето на загриженост и жалење за овој случај. Ги повикуваме судовите во регионот внимателно да ги решат сите слични случаи и да ги почитуваат спецификите на новинарската работа.

Ние ќе ги информираме сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој нов случај. Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб,           01.04.2021 година

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на хрватски новинари

Здружение на независни новинари на Србија

Синдикат на медиуми на Црна Гора