SJ: Српски фотограф бил претепан на митинг на владејачката партија

SJ: Српски фотограф бил претепан на митинг на владејачката партија
Foto: N1

Фотографот Андрија Вукелиќ беше претепан во понеделникот на 29 ноември за време на собирот на Српската напредна странка во Шабац. Тој го покривал протестот против компанијата Рио Тинто, а потоа останал во Шабац да го фотографира собирот на Српската напредна партија.

Владејачката партија вчера одржа контра протест пред Основното јавно обвинителство во Шабац, барајќи „правда“ за нивниот член Душан Прокиќ, кој во саботата беше на багерот и се судри со еден од учесниците во блокадата, Драган Миловановиќ Црни. За потсетување, протести и блокади имаше низ Србија во саботата на 27 ноември, по повод усвојувањето на Законот за експропријација и Законот за референдум во Собранието на Србија. Андрија Вукелиќ изјави дека во еден момент видел толпа крупни луѓе со црни маски, облечени во црно како брзаат кон некого.

„Отидов да видам што се случува и видов како двајца се тепаат во близина на бината од десната страна, а истите две лица како ги однесоа. Видов како ги клоцаат и кога сакав да ги фотографирам ја спуштив камерата и видов дека сум опкружен со тие луѓе во црно.

Еден почна да ми вика „дај ми ја камерата“ и почна да ме навредува. Бидејќи не му дозволив да ми ја земе камерата, почнаа да ме удираат со тупаници по главата и ребрата и се обидоа да ме соборат на подот, во еден момент ме удри во око, а слушнав друг маж како вели „немој, немој, ќе го уништиме протестот“, а потоа успеаја да ја земат камерата затоа што се скина ременот за камерата од вратот. Потоа, еден дел од нив се втрчаа кон толпата кај сцената, а едно лице ме клоцна од позади и почна да ме турка преку улицата. Тој ми рече „не се враќај на ова страна“, рече Вукелиќ. По тој напад тој веднаш го пријавил случајот во полиција.

Нашата мрежа веќе подолго време ги предупредува институциите и владините функционери дека новинарите се целосно загрозени. Во последните 15 дена имавме неколку напади врз новинари додека си ја вршеа работата, но се плашиме дека тоа нема да застане тука.

Мрежата ,,SafeJournalists” која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, дава подршка на својот член, Независното здружение на новинари на Србија, со осуда на овој брутален напад врз Андрија Вукелиќ. Бараме од полицијата да ги пронајде овие лица, да ги приведе и кривично да ги гони.

Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

Секој напад врз новинари е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

 

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 30.11.2021

 

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Здружението на новинари на БиХ

Здружение на новинарите на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора