Стоп за заплашувањето: Европа ги зајакнува мерките против SLAPPs

0
100

На почетокот на месец април Комитетот на министри на Советот на Европа ја усвои Препораката за борба против употребата на стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs).

Според Препораката, SLAPP ќе бидат третирани како правни постапки кои се користат како закана, се иницираат или започнуваат како средство за вознемирување или заплашување на нината мета, и кои имаат за цел да спречат, задушат, ограничат или казнат слободно изразување на теми од јавен интерес и уживање на правата поврзани со јавното учество.

SLAPP тужбите кога се насочени кон новинарите служат да ги исцрпат финансински и емоционлано со цел да предивикаат самоцензура и недоверба од страна на јавноста кон нивниот новинарски труд.

Во Комитетот на експерти за стратешки тужби против учеството на јавноста како еден од седумте независни експерти од Советот на Европа, беше и Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ. Комитетот работеше на овие препораки во период од 2021 – 2023 година, а истите беа усвоени од Комитетот на Министри на петти април 2024 година.

Со препораката Комитетот на Министри ги повикува државите членки да разработат сеопфатни и ефективни стратегии против SLAPP односно:

  • Да ги имплементираат, итно и преку сите гранки на државните власти во нивна надлежност, насоките дадени во прилог на оваа препорака, целосно земајќи ги предвид принципите вклучени таму, посебно во насока на структурната и процедурална заштита, правните лекови, транспарентноста, поддршката за метите и жртвите, едукацијата, обучувањето, подигањето на свеста како и градењето на капацитетите.
  • Посебно да внимаваат на SLAPPs во контекст на нивните ревизии на релевантните домашни закони, политики и пракси, вклучително и согласно CM/Rec(2016)4 за заштита на новинарството и безбедност на новинар(к)ите и други медиумски чинители, за да се обезбеди целосна усогласеност на државите членки согласно Конвенцијата.
  • Да ги промовираат целите на оваа препорака на национално ниво, како и на соодветни европски и меѓународни форуми и да се вклучуваат и да соработуваат со сите заинтересирани страни во насока на остварување на тие цели.
  • Редовно да го ревидираат статусот на имплементација на оваа препорака во смисла на унапредување на нејзиното влијание, посебно за подобрување на механизмите за поддршка на целите и жртвите, и да го информираат Комитетот на Министри за мерките кои ги преземаат државите членки и другите чинители, за постигнатиот напредок и за сите останати недостатоци.

Целата содржина на Препораката можете да ја прочитате на следниот линк: Препорака CM/Rec(2024)2 за борба против употреба на стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs) – македонски јазик

Фото: Совет на Европа