Конференција: „Транспарентност во работата на полицијата“

Конференција: „Транспарентност во работата на полицијата“

На панел дискусија на тема „Транспарентност во работата на полицијата“, организирана од Центарот за европски стратегии – Евротинк, учествуваше и извршниот директор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Драган Секуловски.

Во своето излагање, Секуловски се задржа на неколку клучни теми, вклучувајќи ја соработката со Министерството за внатрешни работи (МВР) во насока на подобрување на комуникација со новинарите и подобрување на безбедноста како и на начинот на известување на новинарите за време на случаи со сензитивни теми, Прирачникот за безбедност на новинари и публикацијата „Подобрување на соработката меѓу новинар(к)ите и полициските органи со цел поголема отчетност и транспарентност“.

„Новинарите и припадниците на полицијата имаат најмалку една заедничка цел, а тоа е јавниот интерес. Професионалните новинари работат за да го промовираат и штитат јавниот интерес на граѓаните, додека полицијата не само што ги штити граѓаните, туку и треба да делува во нивниот интерес и интересот на јавноста. Ова е доволна основа за заедничка соработка,“ рече Секуловски.

Тој дополнително истакна дека ваквите настани придонесуваат за подобрување на транспарентноста и отчетноста во работата на полицијата, што е од исклучителна важност за градење доверба меѓу граѓаните и институциите.