СКОПЈЕ, 26.03.2020 – Ситуацијата во која се наоѓаме во моментов налага да се избегнуваат контакти со други луѓе, да се работи од дома и да се користат дигиталните алатки при извршувањето на секојдневните професионални обврски.
За да ви ја олесниме меѓусебната комуникација и да го поедноставиме работењето од дома, решивме со вас да споделиме неколку корисни програми/апликации за работа препорачани од Online News Association.
- За полесна комуникација со вработените и споделување на работни задачи можете да користите една од следните апликации: Basecamp, Asana или Slack.
- За видео конференции можете да ги употребите апликациите: Zoom, Jitsi или Google Meet/Hangouts.
- За полесно управување со документите можете да ги користите: Google docs или Microsoft Office 365.
- Доколку користите небезбедна интернет конекција можете да користите апликации за VPN или за пасворди. За оваа намена ги препорачуваме: TunnelBear или LastPass.
- За зачувување на документите на интернет можете да ги користите Drop Box или Google Drive.
- Доколку имате потреба од дома да се поврзете на вашиот работен компјутер, тогаш ја препорачуваме апликацијата Anydesk.
Photo by freestocks on Unsplash