Новинарите и медиумските работници дискутираа за подобрување на условите за работа на терен

Новинарите и медиумските работници дискутираа за подобрување на условите за работа на терен

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изминатите три дена организираше работилница на тема „Професионалност, но и солидарност – унапредување на соработката помеѓу членовите на тематските секции при ЗНМ“ на која учество земаат повеќе од 20 претставници на секциите.

За време на отварањето на настанот се обрати Ристо Мишев, кооридинатор на Секцијата на сниматели при ЗНМ, се задржа на состојбата и очекувањата на снимателите во однос на работата, како и темите за обработка во следните денови.

Од Секцијата на спортски новинари се обрати координаторот, Перо Момировски кој ги истакна предизвиците на спортските натпревари за време на вршење на нивната работа посебно за време на покривање на големи спортски  настани.

Во име на Секцијата на фоторепортери се обрати Томислав Георгиев кој низ фотографии ја истакна важноста од почитување на авторските права и го сподели своето искуство во оваа насока.

Од извршната канцеларија на ЗНМ, присутните ги поздрави Билјана Настеска – Каланоска која се задржа на потребата од заедничка соработка, солидарност помеѓу фелата, правата на новинарите и медиумските работници како и активностите кои следат за подобрување на условите за работа на спортските новинари и снимателите преку воспоставување соработка со конкретните институции за реализација на овие активности.

Во следните два дена беа споделени искуства преку практични примери кои ги презентираа колегите, а следеше и дискусија која придонесе да се донесат конкретни заклучоци кои ќе помогнат во унапредување на условите и подобрување на можностите за работа.

Целта на овој настан беше да се отстапи простор за дискусија но и споделување на практични знаења од интерес на членовите на тематските секции.

Во фокусот на активностите секогаш се правата, заштитата и условите за работа на сите локации на кои колегите новинари и медиумски работници од редакциите (помладите, но и оние и со долгогодишно професионално искуство) ги извршуваат своите обврски.

Меѓу темите кои се обработија на работилницата беа и подобрување на подготовките  за квалитетен спортски пренос како и безбедноста на снимателите, фоторепортерите и спортските новинари кое се уште е предизвик во секоја област од новинарството.

Работилницата беше во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“.

Насловна фотографија: Томислав Георгиев

Фотографии во текст: ЗНМ