Осуда на заканите на министерот Ахмети врз новинарот Мислими

Осуда на заканите на министерот Ахмети врз новинарот Мислими

СКОПЈЕ, 02.09.2016 Здружението на новинари на Македонија остро ги осудува вербалните
закани на министерот за Екологија Башки Ахмети, што вчера преку
мобилен телефон беа упатени кон новинарот и сопственикот на порталот
Тетова Сот, Рами Мислими.

Закани и понижувања на новинарите од страна на високи претставници на
власта немаат место во цивилизирани и демократски земји!

Секоја закана на новинар претставува напад врз слободата на изразување
и слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Само недораснати личности, кои по некоја случајност станале министри,
можат да си дозволат на ваков непримерен начин да се обраќаат на
новинар. Да нападнеш новинар затскривајќи се зад имунитетот на
министер претставува акт на кукавичлук и примитивизам.

Бараме од премиерот Емил Димитриев и лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно
да го осудат ваквото неприфатливо однесување на министерот Ахмети!

Скопје, 02.09.2016

Здружение на новинари на Македонија