СКОПЈЕ, 26.02.2018 – Истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка се убиени во неговиот стан, изјави шефот на словачката полиција Тибор Гашпар.
– Тој и неговата девојка се пронајдени мртви во неделата вечерта во неговиот стан во градот Велка Мача, источно од Братислава. Полицијата реагирала откако била алармирана од член на семејството на новинарот. Убиството најверојатно е поврзано со неговите истражувачки активности. Во Словачка никогаш не се случил таков напад врз новинар – истакна Гашпар.
27-годишниот новинар Јан Куциак, работеше во веб порталот Aktuality.sk, а известувал за случаи на измама, кои честопати вклучувале бизнисмени поврзани со владејачката партија и други политичари. Тој и неговата девојка беа пронајдени мртви во неделата во неговиот дом во Велка Мака, на 65 километри источно од главниот град Братислава.
Последната приказна која ја објавил Куциак на 9 февруари, била поврзана со нови сомнителни трансакции од страна на фирми поврзани со бизнисменот Маријан Коцнер и поврзан со луксузен станбен комплекс во Братислава, кој минатата година стана центар на политички скандал.