Регионална платформа: Канцеларијата на државниот обвинител на Црна Гора да го испита однесувањето на еден од обвинителите

Регионална платформа: Канцеларијата на државниот обвинител на Црна Гора да го испита однесувањето на еден од обвинителите

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува физичкиот напад врз новинарот Владимир Оташевиќ, кој беше нападнат во Подгорица од страна на обезбедувањето на еден контроверзен бизнисмен, кој во моментот на нападот беше во друштво на висок државен обвинител кој притоа воопште не реагираше на нападот.

Во трговскиот центар Делта Сити, Оташевиќ се обидел да го фотографира бизнисменот Зоран Бечировиќ во друштво на државниот обвинител Милош Сошиќ, при што беше нападнат од страна на еден од телохранителите на Беќировиќ. Тој го удрил, му се заканил и го навредувал новинарот. Оташевиќ тврди дека обвинителот смирено го гледал нападот врз него. Неколку дена пред инцидентот во Делта Сити, Бечировиќ беше уапсен по наредба на Специјалното јавно обвинителство под сомнение дека се заканил на еден од вештаците и беше обвинет за сторено кривично дело – опструирање на доказ. Исто така, се покажало дека телохранителот, Младен Мијатовиќ, е вработен во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора и нема соодветна дозвола од Министерството за овој ангажман.

„Побаравме да се испита одговорноста на напаѓачот Младен Мијатовиќ, кој е службеник на МВР и Обвинителството да ја утврди можната дисциплинска и кривична одговорност на постариот државен обвинител Милош Соскиќ, кој, според сведочењето на новинарот Оташевиќ, не превземал ништо за да го спречи нападот иако бил оддалечен само неколку метри. Медиумскиот синдикат на Црна Гора повтори дека нападите врз новинарите се неприфатливи и мора да бидат строго казнети со оглед на историјата на ваквите напади во Црна Гора. По долго време, оваа година можеше да биде прва без сериозни физички напади врз вработените во медиумите, но уште еднаш се докажа дека загриженоста за медиумското опкружување и работните услови на новинарите и медиумите во Црна Гора се целосно оправдани“, рече Маријана Цамовиќ, Претседател на Синдикат на медиуми на Црна Гора.

Регионалната платформа го поддржува СМЦГ во нивните напори да ги заштитат новинарите и слободата на говорот и ги повикува надлежните органи во Црна Гора, а пред сè полицијата и обвинителите, да ги извршуваат своите работни задачи совесно и да не предизвикуваат напади врз новинари, како што е овој случај, бидејќи таквото однесувањето е неприфатливо.

Секој напад врз новинар е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 06.12.2019.

Здружение на новинари во БХ

Синдикат на медиуми на Црна Гора

Здружение на новинари на Хрватска

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на Македонија

Независно здружение на новинари на Србија