СКОПЈЕ 06.02.2017 Здружението на новинарите на Македонија се солидаризира со барањата на новинарите на трите весника на издавачот Медиа принт Македонија веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и јануари и хонарарите на дописниците.
ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на Дневник, Утрински и Вест да стапат во штрајк ако најдоцна до 15 февруари не се исплатат заостанатите плати.
Без социјална сигурност на новинарите не може да има ниту слобода на медиуми, коja е предуслов за функционална демократија.
Ги повикуваме сопствениците и менаџментот на МПМ сериозно да се зафатат со решавање на проблемите и да ја прекинат агонијата во компанијата. Недозволиво е весниците и новинарите да се претворат во заложници на дневно политички интереси.
Единствено трајно и одржливо решение за состојбата во МПМ е да се ослободат весниците од партиската контрола. Иднината на весниците треба да се бара преку враќање на довербата кај читателите и огласувачите.
Со почит,
Здружение на новинарите на Македонија
06 февруари 2017 година, Скопје
фото: http://a1on.mk/