СКОПЈЕ, 14.08.2018 – Европската федерација на новинарите (ЕФН) изразува силна поддршка на ставот на Здружението на новинарите на Македонија и другите медиумски организации – Самостојниот синдикат на независни новинари, Советот за етика во медиумите на Македонија, кои се спротивставија на последните измени на изборната регулатива.
Според ЕФН, апсолутно е оправдана критиката што еснафските здруженија ја упатија во врска со новите законски решенија. Измените овозможуваат мешање на властите во слободата на медиумите и независноста на уредувачката политика за време на изборни кампањи.
„Овие штетни измени на Изборниот законик не придонесуваат во ситуација кога имаме блокирани медиумски реформи и несомнено ќе влијаат и во работата на медиумите и во севкупниот демократски амбиент за време на предизборните кампањи во негативен правец“, се вели во соопштението на ЕФН.
Европската федерација на новинарите реагира и дека со една од измените Државната изборна комисија се овластува да ги регистрира и да го следи известување на онлајн медиумите за време на изборите. Покрај ова, предвидени се и казни до 4.000 евра за неизбалансирано или непристрасно известување во медиумите.
#FYROMacedonia // Election Commission authorised to fine media for ‘Unbalanced Reporting’ https://t.co/D9Qs7jHLyz via @efjeurope
— EFJ (@efjeurope) August 13, 2018