БЕЛГРАД, 31.10.2017. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност, која претставува повеќе од 7800 членови, остро ги осудува смртните закани кон новинарката на Хрватскиот јавен сервис Маја Север.
Таа на нејзината Фејсбук страна ја објави заканата која и била упатена, која според и била упатена поради сторијата која таа ја објавила на 29 октомври, а се однесувала на емигрантите. Покрај навредите и другите угнетувачки пораки, заканувачот и напишал: „Ако сакаш да живееш со црнци, оди и живеј во Англија, Франција или САД, но не ја промовирајте мултикултурната политика на слободните масони во Хрватска“. На крајот на пораката се споменува егзекуција. Маја Север вели дека пораката е испратена од хрват кој живее во Белгија.
Саша Лековиќ, претседател на Здружението на новинарите во Хрватска (CJA), изјави дека заканите и навредите кон Маја Север биле само последна епизода на притисоци кон новинарите, вклучувајќи тука и смртни закани, физичко насилство, па дури и обиди за убиства.
Во последните четири години CJA регистрираше 39 случаи на закани и напади врз новинарите, но само некои од нив завршиле на суд (судските постапки се уште се во тек) или биле санкционирани.
Во повеќето од оние решени случаи, сторителите дури воошто не го ни криеле својот идентитет. Во други случаи ниту CJA ниту нападнатите новинари не добиле информации за истрагите; понекогаш не биле известени и дали тие биле отворени.
„Ја информираме хрватската јавност, меѓународните организации и сите други кои се занимаваат со слободата на медиумите за секој случај на напад врз новинарите и повикуваме на ефикасна и брза реакција на хрватските институции”, вели Лековиќ. Но, тој исто така наведува дека нема политичка волја за решавање на случаите на нападнати новинари. „Дополнително некои од политичарите ги навредуваат новинарите со прифаќање на нападите и тоа е јасна порака до релевантните институции да не ја сфаќаат сериозно заштитата на новинарите”, додаде Лековиќ.
Платформата ќе испрати писма до сите релевантни власти во Хрватска, барајќи од нив да спречат секаков вид на насилство врз новинарите, како и итно и темелно да ги испитаат сите факти за овој и за другите случаи на прекршоци. Со тоа, тие ќе испратат јасна порака до јавноста дека таквото однесување е неприфатливо. Исто така, Платформата ќе го пријави случајот во Mapping media freedom, платформа за промоција на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите.
Регионалната платформа силно го поддржува Здружението на новинари во Хрватска и неговите напори за заштита на новинарите и слободата на говорот. Платформата, исто така, ги повикува меѓународните организации кои се занимаваат со заштитата на слободата на печатот и правата на новинарите да ги поттикнат релевантните власти да ги истражат неодамнешните, но и другите случаи.
Нападот на новинарите е директен напад врз слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани. Во 2017 година, Здружението на новинари во Хрватска регистрираше 11 напади врз новинари.
Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност , Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб
BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalist Association of Serbia