ЗНМ со свој претставник на конференцијата во Шведска насловена ,,Одбрана на вистината – откривање на сознанија од истражувачко новинарство”

ЗНМ со свој претставник на конференцијата во Шведска насловена ,,Одбрана на вистината – откривање на сознанија од истражувачко новинарство”

Деновиве во Шведска се одржува настанот ,,Одбрана на вистината – откривање на сознанија од истражувачко новинарство”(Defending Truth: Unveiling Insights from Investigative Journalism“ ) кој е во организација на Global Media Defence Fund, а Здружението на новинарите на Македонија има свој претставник, Маја Јовановска, потпретседателка на ЗНМ и новинар во Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Целта на настанот е учесниците и партнерите на GMDF да ги споделат своите искуства, предизвици и најдобри практики во областа на истражувачкото новинарство, конкретно поврзано со истражување на злосторства против новинари. За време на сесиите ќе има можност да се дадат препораки за тоа како GMDF може да ја зајакне својата поддршка за истражувачкото новинарство во иднина.

Според извештајот на УНЕСКО за 2022 година кој се однесува на безбедноста на новинарите, покажува дека глобалната стапка за неказнивост на убиства на новинари останува висока, 86%, што доведува до застрашувачки ефект врз слободата на печатот, независното новинарство и истражувачкото известување. Убиствата на новинари се најбруталниот облик на замолчување, но не се изоставени ниту физичките напади кои се движат од физички напади до онлајн насилство, (родово) дезинформации и надзор од државни и недржавни актери, често постои широко распространет недостаток на правда и високи стапки на неказнивост, што доведува до поголемо насилство и неможност на новинарите безбедно да ја вршат својата работа.