AНАЛИЗА: КАКО ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКО ПРАВО ВЛИЈАЕ ВРЗ РАБОТАТА НА МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ

AНАЛИЗА: КАКО ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКО ПРАВО ВЛИЈАЕ ВРЗ РАБОТАТА НА МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Во насока на подобрување на состојбите и унапредување на регулативата во РСМ, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) продолжува со своите активности во насока на анализа и подобрување на знаењето на нашите членови во врска со влијанието на Законот за авторско право врз работата на медиумските работници. Овој пат со поддршка на Сигрид Раузинг Траст (СРТ), ЗНМ ја изработи оваа публикација која прави анализа и дава заклучоци и препораки за подобрување на Законот за авторско и други сродни права (ЗАПСП) и неговата примена пред сè во новинарската работа.

Фокусот на оваа публикација е да се даде анализа за состојбите во државата во контекст на почитувањето на одредбите на ЗАПСП, односно на кое лице му припаѓа авторското право над неговото авторско дело. Исто така потенцирана е потребата неопходно е да се подигне свеста кај новинарите и кај медиумските работници, но и генерално кај сите релевантни чинители за значењето на авторското право и другите сродни права, да се унапреди познавањето на важечките законски регулативи и нивната примена, како и да се подобри постојната норматива со онаа на Европската Унија. Голем предизвик се низата проблеми што произлегуваат од непознавањето, непочитувањето и несоодветната примена на законската регулатива во областа на авторското право и сродните права.

Во оваа Анализа обработени се и Одредбите од ЗАПСП релевантни за новинарите и медиумските работници, односно подетално е разработена тематиката во контекст на што се смета за авторско дело како и текстот на самиот закон кој ги засега новинарите и медиумските работници. Опфатени се и предизвиците на онлајн-медиумите и плагијаторството – Кодексот на новинарите на Македонија и саморегулацијата како и Европската пракса – ЕУ Директива 2019/790 за авторски и други сродни права.

На следниот линк можете да ја превземете и прочитате публикацијата !

Оваа публикација претходи на стручен вебинар што ЗНМ заедно со Македонскиот институт на Медиуми ја организираше на 16-17.12.2020 на тема ,,Како Законот за авторското право и сродните права влијае врз работата на новинарите, фоторепортерите и медиумските работници”.