Коалиција за слобода на медиумите и SafeJournalists мрежата: Итно да се истражат опасните закани упатени кон новинарите на ,, Данас ”

Коалиција за слобода на медиумите и SafeJournalists мрежата: Итно да се истражат опасните закани упатени кон новинарите на ,, Данас ”

Коалицијата за слобода на медиумите и мрежата ,,SafeJournslists” бараат од одговорните институции на Република Србија да дејствуваат навремено и да ги идентификуваат лицата кои упатиле закани кон новинарите на дневниот весник Данас.

Органите за спроведување на законот во Република Србија многупати докажаа дека се способни навремено да ги идентификуваат лицата кои упатуваат смртни закани. Најчесто тоа го докажале во случаи на закани кон претставници на власта. Инсистираме да се стави крај на многу опасната пракса на неказнивост на напаѓачите кон новинарите и медиумските работници и законите да се применуваат подеднакво за сите. Неуспехот да се санкционираат таквите закани ги поттикнува сторителите да ги извршат повторно.

Тонот на заканувачката електронска порака испратена на официјалната емаил адреса на главниот уредник на дневниот весник ,,Данас” не е изолирана импулсивна акција, туку исклучително опасна добро осмислена активност фокусирана на поединечни имиња на новинари и редакција.

Изразуваме целосна солидарност со дневната редакција на дневниот весник ,,Данас” и на новинарите им се заканија дека ќе ја имаат истата судбина како редакцијата на францускиот сатиричен весник ,,Шарли Ебдо” чии новинари и други вработени, заедно со двајца полицајци, беа убиени од исламски фундаменталисти во нападот на редакцијата од 2015 година.

Оправдано сме загрижени дека заканата вклучува сериозна намера да се организира терористички акт со цел на редакцијата и новинарите.

Сето ова е логична последица на систематски создадената атмосфера на насилство и генерирање на милитантна национал-шовинистичка клима од страна на режимот и општествената „елита“.

Ја повикуваме јавноста да се солидаризира со редакцијата на дневниот весник ,,Данас” и со нападнатите новинари.

Коалицијата за слобода на медиумите и мрежата ,,SafeJournalists” ќе ја запознаат српската и меѓународната јавност со заканите.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 6 ноември 2022 г.

 

Коалиција за слобода на медиумите:

Здружение на медиуми

Здружение на онлајн медиуми (АОМ)

Независно здружение на новинари на Војводина (НДНВ)

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)

Деловно здружение на Здружението на локални и независни медиуми „Локален печат“

Фондација Славко Чурувија

Мрежата на SafeJournalists:

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора