Здруженијата на новинарите од регионот остро го осудуваат нападот врз новинарот Олури и неговата свршеница. Парим Олури и неговата свршеница беа нападнати на 16-ти август во Приштина, додека влегувале во нивната зграда од страна на три лица, кои носеле капи и молчеле за време на инцидентот.
„Како што се приближувавме до влезот на нашата зграда, одненадеж се појавија три лица и почнаа да ме удираат. Тие продолжија да ме удираат и кога паднав на земја, во меѓувреме мојата свршеница се онесвести и падна. Не можев да ги видам нивните лица, ниту пак нешто рекоа, сè се случи многу брзо “, рече Олури и додаде: „Верувам дека ова е поврзано со моите неодамнешни новинарски објави”.
Олури е директор на insajderi.com, онлајн портал и е добитник на многу награди за неговата работа. Како што тврдат од Здружението на новинарите на Косово (AJK), Олури немал лични конфликти со никого и се убедени дека инцидентот е поврзан со неговата работа.
„Веруваме дека ова бил еден добро организиран напад“, рече Арбен Салиху, директор на АЈК и додаде – „Нападот врз новинар додека е во друштво на членови од неговото семејство е дури и по загрижувачки, бидејќи испраќа порака дека и семејството на новинарот не е веќе безбедно“.
Регионалната платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и за заштита на новинарите, која претставува повеќе од 7800 членови, остро го осудува нападот врз новинарот Парим Олури и неговата свршеница и се придружува на својот член АЈК во покренувањето на сериозна загриженост во врска со овој случај. Платформата очекува од властите на Косово да дејствуваат брзо, да ги идентификуваат тројцата напаѓачи и да ги казнат соодветно. Истовремено ги повикува меѓународните организации кои се фокусирани на заштита на слободата на печатот и правата на новинарите да го побараат истото.
Платформата преку својот систем за мониторинг, ќе го следи развојот на овој случај и во наредниот период ќе ги информира релевантните национални и меѓународни институции за конечните заклучоци.
Здруженијата од регионот потсетуваат дека на Косово во 2017 година се регистрирани 9 случаи на притисок, вербални закани и физички напади, вклучувајќи го тука и последниов напад.
Skopje – Belgrade – Podgorica – Pristina – Sarajevo – Zagreb, 21.08.2017.
BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia