Јавно палење на хрватскиот неделник Новости: да се казнат сторителите

Јавно палење на хрватскиот неделник Новости: да се казнат сторителите
Zagreb, 12.09.2017 - Tiskovna konferencija Autohtone – Hrvatske stranke prava ispred sjedišta Srpskog narodnog vijeæa. Na fotografiji Nikola Krklješ i predsjednik A-HSP-a Dražen Keleminec. foto HINA/ Denis CERIÆ /dc

СКОПЈЕ, 14.09.2017 – Регионалната платформа за Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 7800 членови, остро ги осудува инцидентите каде беа палени копии од неделникот Новости, како и заканите против новинарите од страна на членовите на Автохтоната хрватска партија на правата (А-ХСП).

Во последните десет дена членови на партијата А-ХСП во два наврати запалија копии на „Новости“, неделен магазин, кој се објавува од страна на Српскиот национален совет со седиште во Загреб. A-HSP ги обвини новинарите од „Новости“ дека ширеле омраза против Хрватите и побарале блокирање на финансирањето на магазинот преку државниот буџет. Исто така беа упатени и закани кон новинарите на „Новости“ – изразени директно или преку социјалните медиуми.

„Ова лудило започна со обвинувањата на весникот „Новости“ за поттикнување на пожарот на хрватското крајбрежје со своите текстови, по што копии од весникот беа запалени”, рече Саша Лековиќ, претседател на Хрватското здружение на новинарите (ХНД), додавајќи: „Ова е случај  заснован на национална основа и историјата не учи дека она што започнува со навреди, прераснува во закани и на крај завршува со физичко насилство. Ги повикуваме властите да реагираат соодветно, а од премиерот Пленковиќ јавно да го осуди овој инцидент”.

Новинарските здруженија од регионот, членовите на Платформата, му се придружија на ХНД, барајќи од хрватската администрација и нејзиното раководство да го осудат овој инцидент, да дејствуваат за негово разрешување и соодветно да ги казнат сторителите.

Од 2017 година ХНД регистрираше 6 инциденти кои вклучуваат напади и закани врз новинарите во Хрватска, не вклучувакќи ги последните два инциденти каде беа запалени примероци на неделникот „Новости“.
Платформата смета дека секој напад врз новинарите претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

 

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalist Association of Serbia

The Western Balkan’s Regional Platform for Advocating Media Freedom and Journalists’ Safety, Skopje – Belgrade – Podgorica – Prishtina – Sarajevo – Zagreb