Никола Морача, новинар на весникот EuroBlic и на порталот SrpskaInfo, бил сослушан во полиција и од него било побарано да го открие изворот на информацијата спротивно на законските одредби и меѓународните стандарди за заштита на слободата на медиумите и изразувањето.
Новинарот бил сослушан во Полициската станица во Бања Лука поради напис за силување на осумнаесетгодишно девојче, за кое е осомничено едно лице. Дежурните полициски инспектори во присуство на обвинителот побараа од новинарот да открие кој му дал податоци за осомничениот за силување. Иако немале законска судска наредба, инспекторите му го одзеле мобилниот телефон, а искористувајќи ја својата положба, инспекторите и обвинителот посочувајќи дека ќе биде задржан од полицијата најмалку пет часа, ја искористиле неповолната ситуација во која се нашол новинарот, кој на крајот потпишал дека „доброволно“ го предава сопствениот телефон на полиција.
Борка Рудиќ, генерален секретар на новинарите на БиХ, вели дека се што е поврзано со овој случај е правно и процедурално проблематично. „Ова е еклатантен пример за институционален притисок врз новинар, како и недозволиво и непропорционално загрозување на неговото право на слобода на изразување и информирање на јавноста за случајот со силувањето на осумнаесетгодишно девојче. ќе го отвориме правниот систем на линијата за помош на слободните медиуми и ќе ги разгледаме и анализираме дејствијата на полицијата и обвинителството во Бања Лука со цел да поднесеме кривична пријава“, рече Рудиќ. Таа додаде дека е охрабрена од солидарноста на сите новинари во БиХ и од неподелената поддршка на новинарот Никола Морача, но дека сега треба да истраеме во барањето одговори од надлежните институции во Република Српска за бруталното кршење на слободата на медиумите.
Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, ги осудува постапките на полицијата и надлежното обвинителство кон новинарот Морача, користејќи институционална сила спротивна на Уставот и кривичното законодавство на Република Српска, кои ја штитат слободата на изразување и правото на новинарите да ги штитат изворите на информации. Мрежата смета дека ова е уште еден обид да се задуши слободата на медиумите во Република Српска.
Мрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, бара да престане ваквото законско и институционално насилство врз новинарот. Исто така, мрежата ги повикува надлежните органи да го испитаат однесувањето на одговорните лица на Полициската управа Бања Лука и Окружното јавно обвинителство со цел заштита на новинарите и слободата на медиумите.
Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за најновиот случај.
Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.
Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 27.2.2023
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинари на Македонија
Здружение на новинари на БиХ
Здружение на новинари на Хрватска
Независното здружение на новинари на Србија
Синдикатот на медиуми на Црна Гора