SafeJournalists: Остра осуда за несоодветните постапки на премиерот Рама кон новинарката Амброзија Мета во Албанија

SafeJournalists: Остра осуда за несоодветните постапки на премиерот Рама кон новинарката Амброзија Мета во Албанија
photo: canva

На вчерашната прес-конференција премиерот Еди Рама одби да одговори на прашањата на новинарката Амброзија Мета и несоодветно се обиде да ја допре по образот.

По состанокот со окружните политички лидери во седиштето на Социјалистичката партија, премиерот Рама одржа импровизирана прес-конференција. За време на овој настан, тој беше прашан за инвестициски проект во областите Сазан и Звернец поврзан со Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Амброзија Мета бараше одговори за придобивките од проектот за Албанците, процедурите за склучување договори, постоењето на физибилити студија и дали ќе се применат слични даночни намалувања како оние за инвестицијата во пристаништето Драч. Одбивањето на премиерот да се осврне на овие прашања од јавен интерес, проследено со неговата понижувачка забелешка – „незнаењето не е аргумент“ – и физичкиот контакт со обид да го допре нејзиниот образ е алармантен и неприфатлив.

Овој инцидент е дел од загрижувачкиот тренд каде што премиерот Рама покажува презир кон новинарите, особено кон жените, кои поставуваат предизвикувачки прашања. Неговата историја на избегнување прашања, заедно со одмазднички дејствија како забрана на новинари од прес-конференции и барање „превоспитување“, го нагласува непочитувањето на слободата на медиумите и новинарскиот интегритет (Претходно предупредување за Амброзија Мета и Аларм за Клевин Мука).

Мрежата SafeJournalists смета дека ваквото однесување е директна закана за принципите на транспарентност и отчетност кои се во основата на едно демократско општество. Заплашувањето со кое се соочуваат жените новинари, особено, не само што ги поткопува нивните професионални права, туку и ја продолжува културата на заплашување кон жените и нивното учество во јавниот простор.

Бараме од премиерот Рама да упати јавно извинување до г-ѓа Мета и целата медиумската заедница. Инсистираме на посветеност на почитуван и конструктивен ангажман со медиумите, препознавајќи ја суштинската улога на новинарите во проверката на моќта и поттикнувањето информиран јавен дискурс.

Мрежата SafeJournalists ќе продолжи внимателно да ја следи оваа ситуација, застапувајќи се за правата и безбедноста на новинарите. Мрежата ги потсетува сите засегнати страни дека живиот, слободен печат е од фундаментално значење за демократијата, служејќи како чувар на општеството и критички глас во одржувањето на одговорноста на оние кои се на власт.

Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

 

Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб – 20 март 2024 год.

 

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора